Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3083214 пати)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Пак има некоја голема сообраќајка на патот Удово - Демир Капија. Сабајлево помина пожарна а по саат време и брза помош, дека има дежурна брза помош на бензинската во Демир Капија. Колите ги пренасочуваат по стариот пат од Демир Капија до Удово кој е земјен и целиот дупки.  :-X
Тоа кола што помина по стариот пат. Има и гооолема колона од возила кои чекаат и тоа уште од Валандово-Удово регионалниот пат, пред да се уклучиш на автопатот.

Од маалски муабети слушнав дека имало две сообраќајки и некоја кола била запалена па затоа таа пожарна била, незнам. Би требало да даваат на вести.  :)

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840

Пожарна може да отиде и ако нема запалено возило, туку ако е премногу удрено и неможат лугето да ги извадат па идат дечките на интервенција.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
^^ Знам, имам присуствувано и на таква вежба, кола од отпад ја донесоа па ја сечеа, демонстрираа во Валандово.

Како што кажав, од маалски муабети имало запалено некоја кола и поради тоа имало пожарна, да интервенира.  :)

Edit: гледајте на вестите во 11 часот. Има загинато брачен пар а нивното синче се бори за живот.  :(
« Последно менување: 03 Август 2016, 10:45:14 am Passat3B »

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Добро бе 30 километри пат е се на се таму.Шо мајка бараат да престигнуваати да прават глупости.Шо дека ќе стигнат 10 минути порано

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Нека го направат и тој дел автопат што побрзо ..

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Нема да плаќаат патарини,пак ќе идат по стариот пат посебно камионите

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Тој пат е многу убав само да ги нема тие неколку дупки (7-8).Јас често го возам и најмногу србите влегуваат во макази и претицаат.Возат као демек побрзо да стигнат на граница за да не ги фати гужва.Немате поима како се вози по тој пат од 4 сабајле па до кај 11.Како на рели да се.....Има на неколку месте сега пред Гевгелија ги реновираат мостовите и таму има знаци 40 поставено.Под 140 никој не вози ......и после гинеле.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Точно така, ако се пратат правилата и сигнализацијата ќе нема никаков проблем, 10 минути побрзо некогаш значат цел живот.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Кај се тоа џандарите да ловат од тунелите до удово на 5-6 места па да опрчат 500 казни на ден, ем полнење буџет ем безбедноста на ниво а не ми дремнале кај бензинските како лешинари некои.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29676
    • CARclub.mk
Се согласувам.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Кај се тоа џандарите да ловат од тунелите до удово на 5-6 места па да опрчат 500 казни на ден, ем полнење буџет ем безбедноста на ниво а не ми дремнале кај бензинските како лешинари некои.
Е сеа ке ти кажам една вистина која е за плачење...Џандари има на 2-3 места.....налози немаат за казни да пишуваат и само стојат како шаховски фигури.
Ах бре македонче...
« Последно менување: 03 Август 2016, 12:20:06 pm godofspeed »

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6450
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Избори се ближат, гласови можат да се изгубат.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Да да, возете сега како сакате џандарите не пишуваат казни се до изборите.