Ваљда дека се ближи Илинден па поради тоа се некои глупости ми се случуваат во последно време..
Вчера пред мракот земав да ја косам тревата на патот со тример на струја и до половина некаде стигнав, тримерот ослабна го исклучив и почна да чури. Ај викам кога имам пуштено продужен кабел бар живата ограда да ја острижам, порасната е. Ја земав машинката за сечење на жива ограда исто на струја, при крај бев и таа цркна. Ај маме и ебам. Малер. Ништо, колата и за Дојран со девојчето, на мала прошетка по едно кафе и дома до 11, дека сум ограничен со време (уште 5-6 месеци за 2 години возачко искуство). Си возам полека 4та некаде 60-70 и пред Фурка на таа јаката нагорнина и кривина има, дадов гас во 4та за да земам залет да ја искачам горнината. Слушам едно „баам“ и гледам обратаите паѓаат, ми угаси колата. Ај си викам, малер, што и стана се беше во ред и нафта имам пола резервоар, струја има, светла, се. Пробав на рикверц да ја запалам, нејќе, незнам колку коли застанав да ме завлечат нагоре и на рикверц да ја вратам во едно патче има да не бидам на патот, сепак опасна кривина е. Скопјани едни, викам 5 метра само да ме завлечиш, останав дефект, да не бидам на патот, немам време, добро извини и пријатна вечер. Гранична полиција помина светна да нема илегалци и гас на ленд роверот. Поминаа и овие странскава полиција шо е, поднамали, илегалци да нема лево-десно, гас на колата. Од Валандово ми застана еден познаник, со Мерцедес е класа, арно ама нема таква сајла да ме влече, мојата е класична со куки. На мерцедесот беше со штрафови едни. Викам фала многу што застана терај. Едни од Гевгелија ми застанаа со караван пежо, ја врзаа на куката и ме завлече нагоре па на рикверц влегов во тоа патчето и ја отстранив од патот. Отварам хауба, се е во ред, тие каишите стојат, улје проверив на шипка има. Се јавувам дома на моите, дојде татко ми со мајстор, го отвори малку тој капакот кај ребрастиот каиш, вика се скинал каишот. Ај у пм нек иде све
Ја извлековме до кај мајсторот што стално ми ја сервисира, треба да порачува делови нов каиш, затегачи, да го отвори моторот, вентили што има искривено да се смени, па да видиме колку ќе испадне на крај кварот
А кога ја земав 2012 година, сменав се комплет каиши, затегачи. Сменето е се на 180000, а сега имам поминато 215000 значи 30000 за 3 години. Обично овој каиш тера 5 години или 50000-60000, незнам зошто толку рано се скина
У пм нека иде све, чекам да видам што малер ќе ми се случи следно...