Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3082795 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Само вие продолжете да не носите каиши..


Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Русин е тоа,вотка е наг'тан си стана лепо фино,па и прв ќе биде на орото...


Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
За жал каишот игра улога до кај 100кмх, потоа се е на среќа, може без каиш и полесно да се помине.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен bobson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 304
  • RB26DETT Z2

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
А затоа ли служел сончев покрив ...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
За жал каишот игра улога до кај 100кмх, потоа се е на среќа, може без каиш и полесно да се помине.

Спиј си ти на тоа увце.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17505
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
За жал каишот игра улога до кај 100кмх, потоа се е на среќа, може без каиш и полесно да се помине.

А за начитан те мислев...

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
За жал каишот игра улога до кај 100кмх, потоа се е на среќа, може без каиш и полесно да се помине.
Има случаеви кога со неврзан појас поминувале полесно или благодарениее на тоа прежевеле.
Јас знам за еден кој има преживеано благодарение на тоа што излетал од колата, ако останал во колата сигурно би бил мртов, кровот беше  на не повеќе од 30см од површината за седење на возачкото седиште. Благодарение на тоа што излета помина со потешки повреди но без трајни последици. Но ова е исклучок или среќа, а не правило. 
Според мене подобро е сепак да ти биде врзан појасот без разлика дали седиш напред или назад, оти во многу повеќе случаеви може да ти го спаси животот или да ти ги намали повредите.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
За жал каишот игра улога до кај 100кмх, потоа се е на среќа, може без каиш и полесно да се помине.

А за начитан те мислев...

Не само начитан туку и нагледан. И не се фалам, туку секој ден читам и учам.

За жал каишот игра улога до кај 100кмх, потоа се е на среќа, може без каиш и полесно да се помине.
Има случаеви кога со неврзан појас поминувале полесно или благодарениее на тоа прежевеле.
Јас знам за еден кој има преживеано благодарение на тоа што излетал од колата, ако останал во колата сигурно би бил мртов, кровот беше  на не повеќе од 30см од површината за седење на возачкото седиште. Благодарение на тоа што излета помина со потешки повреди но без трајни последици. Но ова е исклучок или среќа, а не правило. 
Според мене подобро е сепак да ти биде врзан појасот без разлика дали седиш напред или назад, оти во многу повеќе случаеви може да ти го спаси животот или да ти ги намали повредите.

За тоа зборувам. Во директен судир со 100+ км или при излетување со голема брзина, шансите за преживување се минимални, па некогаш хаосот си го прави своето и излетувањето од колата ги спасува од потешки повреди. Секако не треба човек да се надева дека без појас може да преживее, но на големи брзини веќе сеедно е дали имаш појас или не. Сепак, јас на отворено редовно ставам појас и препорачувам сите да ставаат. Енд оф.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17505
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Вие знаете за еден-два случаи кога некој излетал од кола и се спасил бидејќи такви случаи се зборат низ народ. Оние случаи кои не се зборат се кога патниците се разлетуваат како партали низ ентериерот, кршат вратни пршлени, черепи, и во останатиот дел од случаите кога се катапултираат надвор од колата, можеш да ги собереш со лопата од асфалтот.

Совршен пример зошто појасот спасува или драстично зголемува шанси за преживување при големи брзини е примерот со белгијците што излетаа од мост пред само неколку недели. Сите беа лесно повредени бидејќи во странство појасите на задните седишта не се само украс, туку активно се користат за разлика од Македонија, кај што некој ќе те опцуе или ќе се закани дека ќе оди со автобус ако го тераш да стави појас позади.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Тоа и ја ќе речев, ако не па да им кажеме и на тркачите да не носат каиши, они и така цело време возат поише од стотче. Сеедно е дали имаш појас.

Они будали, 5 point harness ставаат, само ги стега.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Коли дизајнирани за удар, на патека дизајнирана за удар. Ти се молам...


Ова е 10 пати побезбедно од тоа што го возиме. Излетал при 300:



Човекот мора  да остане на седиште за да преживее


Во ова ти е сеедно, при 200:

« Последно менување: 29 Јули 2016, 10:53:52 am LosiPatista »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Ваљда дека се ближи Илинден па поради тоа се некои глупости ми се случуваат во последно време..
 
Вчера пред мракот земав да ја косам тревата на патот со тример на струја и до половина некаде стигнав, тримерот ослабна го исклучив и почна да чури. Ај викам кога имам пуштено продужен кабел бар живата ограда да ја острижам, порасната е. Ја земав машинката за сечење на жива ограда исто на струја, при крај бев и таа цркна. Ај маме и ебам. Малер. Ништо, колата и за Дојран со девојчето, на мала прошетка по едно кафе и дома до 11, дека сум ограничен со време (уште 5-6 месеци за 2 години возачко искуство). Си возам полека 4та некаде 60-70 и пред Фурка на таа јаката нагорнина и кривина има, дадов гас во 4та за да земам залет да ја искачам горнината. Слушам едно „баам“ и гледам обратаите паѓаат, ми угаси колата. Ај си викам, малер, што и стана се беше во ред и нафта имам пола резервоар, струја има, светла, се. Пробав на рикверц да ја запалам, нејќе, незнам колку коли застанав да ме завлечат нагоре и на рикверц да ја вратам во едно патче има да не бидам на патот, сепак опасна кривина е. Скопјани едни, викам 5 метра само да ме завлечиш, останав дефект, да не бидам на патот, немам време, добро извини и пријатна вечер. Гранична полиција помина светна да нема илегалци и гас на ленд роверот. Поминаа и овие странскава полиција шо е, поднамали, илегалци да нема лево-десно, гас на колата. Од Валандово ми застана еден познаник, со Мерцедес е класа, арно ама нема таква сајла да ме влече, мојата е класична со куки. На мерцедесот беше со штрафови едни. Викам фала многу што застана терај. Едни од Гевгелија ми застанаа со караван пежо, ја врзаа на куката и ме завлече нагоре па на рикверц влегов во тоа патчето и ја отстранив од патот. Отварам хауба, се е во ред, тие каишите стојат, улје проверив на шипка има. Се јавувам дома на моите, дојде татко ми со мајстор, го отвори малку тој капакот кај ребрастиот каиш, вика се скинал каишот. Ај у пм нек иде све  >:( 
Ја извлековме до кај мајсторот што стално ми ја сервисира, треба да порачува делови нов каиш, затегачи, да го отвори моторот, вентили што има искривено да се смени, па да видиме колку ќе испадне на крај кварот  >:(
А кога ја земав 2012 година, сменав се комплет каиши, затегачи. Сменето е се на 180000, а сега имам поминато 215000 значи 30000 за 3 години. Обично овој каиш тера 5 години или 50000-60000, незнам зошто толку рано се скина  :-\

У пм нека иде све, чекам да видам што малер ќе ми се случи следно...  >:(  >:(

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Загубе осет момакот со влечките, мислеше тракторо го вози. Ама важно се најдоа отпосле да ги наври, среќа му носат.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834