Затоа кога седнуваш во нова кола (нова за тебе, дури и половна) ги испитуваш сите аспекти на колата. Тестираш максимално забрзување во сите брзини (4,5,6-та доколку е можно, у принцип не е можно), тестираш максимално кочење (малку осет како фаќа АБС-от), тестираш маневрирање при уклучен АБС, тестираш кочење и нагло свртување да провериш задницата како се однесува и уште некои други маневри за хендлинг.
Секако, ова го правиш на безбедни и проверени места многу внимателно да не направиш беља. Тоа ти е најдобро сценарио у принцип. Жените рецимо не го прават тоа, јас го правам со секоја кола која ја возам на отворено и подолго време.