Член 28
(1) Возачот не смее со возилото да врши полукружно свртување на
преслап, кривина, патен премин преку железничка пруга во ниво, на мост,
надвозник, подвозник, тунел или на други места на патот каде што нема
доволна прегледност.
Член 135
(3) На автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила
возачот не смее да врши полукружно свртување со возилото од една
насока на сообраќајот во спротивната насока, ниту движење со возилото
наназад.
Член 141
(1) Возачот кој се движи со возило низ тунел не смее да го запира
возилото во тунелот, ниту смее со возилото да врши полукружно
свртување или движење наназад.
Не се спомнати булевари....