Денеска едно копиле со ауди а4 ме изгреба на среде раскрсница.
Одам по јужен булевар према желензичка и тука на раскрсницата полицаец регулира сообраќај. Јас сум трета кола по ред. Дава сигнал пандурот, тргаме напред према тутунски комбинат а јас возам трет веднаш зад првите двајца. Гомново со аудито доаѓа од насока на кисела вода и врти десно према тутунски комбинат. Таман доаѓам јас да влезам во улицата према железничка тој нагло дава гас за да влезе пред мене. Не знам гомното со кој памет размислуаше, дали можеби јас ќе застанам на среде раскрсница и сите зад мене ќе ја изблокираа за тој да помине на црвено фактички и се удри во мене. Ми го изгреба браникот минимално и јас му го изгребав крилото. Застануваме понатаму на паркингот пред влезот во тутунски комбинат и излегува гомното надвор да се расправа како он имал предност. Пази, он имал предност зошто бил пред мене на раскрсницата?


А не е точно, јас бев пред него а него не му беше дозволено вртење. И се расправавме така 5 минути како кретенот имал предност. Ситуацијата ја виде полицаецот, кој меѓувремено го пушти семафорот и дојде тука. Потврди дека јас сум во право и предложи европски, ама не направивме зошто штетата беше минимална и лесно поправлива.