Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3887246 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Записникот си го плаќа тој што сака да го има. А казната за сообраќајната незгода паѓа на тој што е виновен, или евентуално на двајцата.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
CARClub before and after..







Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Видов слики на Фејсбук.. Што се деси точно?

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Ќе ставам клипче, само да го закачам.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498

Се извртел на кочење, барем Коста така кажа, а и на клипов се гледа во позадина дека беше голем удар. Бидна што бидна, можеше да биде далеку полошо, за влакно го избегнаа во втор круг Виктор и компанија бидејќи колата стоеше на сред кривина без никаква реакција од редари/судии.
« Последно менување: 30 Август 2015, 11:33:06 am Igor »

Отсутен lans

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
VW Passat 2.0TDI 2015
Skoda Fabia 1.2TSI 110PS DSG7 2016
Honda SH150i  2020

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Се забораил некој, мислел вози по аутопут ..

Отсутен lans

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
ova mislam deka e bas pred da pocne avtopatot koga vozis nakaj gvg,edna ubava krivina vo levo,pa nadvoznjak,pa spocnuva avtopatot.
na nekoj ne mu se cekalo use 500m
VW Passat 2.0TDI 2015
Skoda Fabia 1.2TSI 110PS DSG7 2016
Honda SH150i  2020

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Записникот си го плаќа тој што сака да го има. А казната за сообраќајната незгода паѓа на тој што е виновен, или евентуално на двајцата.
Пак се збори без да се провери, ако сакаш да го имаш записникот си плаќаш одредена сума за копија од записникот, на уплатница која што ќе ти ја дадат у станица.



Се извртел на кочење, барем Коста така кажа, а и на клипов се гледа во позадина дека беше голем удар. Бидна што бидна, можеше да биде далеку полошо, за влакно го избегнаа во втор круг Виктор и компанија бидејќи колата стоеше на сред кривина без никаква реакција од редари/судии.
хахаха, редарот и довикувањето на публиката.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Записникот си го плаќа тој што сака да го има. А казната за сообраќајната незгода паѓа на тој што е виновен, или евентуално на двајцата.
Пак се збори без да се провери, ако сакаш да го имаш записникот си плаќаш одредена сума за копија од записникот, на уплатница која што ќе ти ја дадат у станица.

мешате баби и жаби...

02-192 се јавуваш и викаш:
-добар ден, се деси сообраќајка таму и таму, неможеме да се објасниме кој е крив, едниот не признава, другиот нејке ни да прави европски...

доаѓа полиција на лице место, слика, зема изјави, црта по коловозот кој од каде дошол, пак слика, прави алхо тест, прави и нарко тест (ова последново е по лично видување и одлука на инспекторот), скоцкува документи и вадат уплатница од 300 евра за услугата на правење записник во денарска противвредност ТУКА, ВЕДНАШ И НА ЛИЦЕ МЕСТО и му ја даваат на:

а. тој што се јавил
б. тој што е крив
в. тој што нејкел да прави европски
г. тој што нејкел да се потпише

заокружи го точниот одговор...

јас колку што имам инфо, барем порано беше така, точниот одговор е под а. меѓутоа од поодамна ми е ифото, а работиве во државава се мењаваат скоро секојдневно...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Ајде, еднаш засекогаш да ја решиме полемикава околу сообраќајните незгоди.

Член 219
(1) Возачите-учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета се должни откако ќе го пополнат и потпишат Европскиот извештај за сообраќајна незгода, веднаш да ги отстранат возилата од коловозот и да овозможат непречено одвивање на сообраќајот.
(2) Возачите-учесници во сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјална штета кои пополниле и потпишале Европски извештај за сообраќајна незгода, не се должни за истата да го известат Министерството за внатрешни работи.
(3) Европскиот извештај за сообраќајна незгода не се пополнува и потпишува во случај на сообраќајна незгода во која има повредени лица, загинати лица и односно настанала голема материјална штета.

- Мала материјална штета е кога возилата и покрај сообраќајната незгода можат самостојно да се движат и да се отстранат од патот. Исто така за да се исполнат условите за поплнување на европски записник запаезете го став 3 од конкрентниот член.


- Став 8 од истиот член 219
(8 ) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот-учесник во сообраќајна незгода кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Значи, не тој што се јавил, туку тој што не сака да прави европски, односно тој што не сака да се потпише, пошто џабе ми е европскиот ако неам потпис на него, исто ко ја да сум си го составил сам.


Член 220
Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи, се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјална штета, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случаи кога:
- едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано,
- едно од возилата има странска регистарска таблица,
- еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанци,
- еден од возачите не поседува возачка дозвола од соодветна категорија,
- на еден од возачите му е запишана прекршочна санкција - забрана на управување со моторно возило во возачката дозвола,
- еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци односно податоците за возилото,
- еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода или
- ако возачот сам учествува во сообраќајна незгода.

Јас никаде во закон не сретнав дека ти го наплаќаат записникот, туку си плаќаш глоба доколку постапиш спротивно на член 219, став 1, односно доколку одбиваш да направиш европски записник при сообраќајна незгода каде што е предизвикана мала материјална штета.
едит: откако го препрочитав постов, уствари глоба ти следува доколку не го отстраниш возилото по незгодата и овозможиш непречено одвивање на сообраќајот. Што значи, вака некако би се одвивало сценариото за глобење. Праиш сообраќајка со мала материјална штетат и ти не си крив, пошто те удира некој од позади. Тој што те удира од позади ти вика не ти признавам не праам европски ќе седиме тука и ќе чекаме полиција. Ти вртиш 192 и они доаѓаат по основ на точка 6 од став 1 од член 220(еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци односно податоците за возилото). Доаѓаат џандарите, гледаат мала материјална штета и му изрекуваат глоба од 250 евра бидејки не го отстранил возилото од коловозот, на тој што не сакал да прави европски, односно не сакал да ти ги даде податоците и сакал да чека полиција за увид.
« Последно менување: 30 Август 2015, 17:25:09 pm Kimi R »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Јас зборам за записникот како записник кој плаќа, ако сакаш да го земеш

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Тоа чини многукратно помалку од 300 евра и не е глоба, туку си плаќаш еден вид административна такса за услуга на мвр, пошто ти сакаш да го имаш записникот, не ти наложува никој да ги платиш тие пари.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Многу е важно да се знае дека не плаќа ништо случаен минувач кој пријавил во полиција.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Јас зборам за записникот како записник кој плаќа, ако сакаш да го земеш

тоа беше нешто 200-300 денари а не евра...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време