Ајде, еднаш засекогаш да ја решиме полемикава околу сообраќајните незгоди.
Член 219
(1) Возачите-учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета се должни откако ќе го пополнат и потпишат Европскиот извештај за сообраќајна незгода, веднаш да ги отстранат возилата од коловозот и да овозможат непречено одвивање на сообраќајот.
(2) Возачите-учесници во сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјална штета кои пополниле и потпишале Европски извештај за сообраќајна незгода, не се должни за истата да го известат Министерството за внатрешни работи.
(3) Европскиот извештај за сообраќајна незгода не се пополнува и потпишува во случај на сообраќајна незгода во која има повредени лица, загинати лица и односно настанала голема материјална штета.
- Мала материјална штета е кога возилата и покрај сообраќајната незгода можат самостојно да се движат и да се отстранат од патот. Исто така за да се исполнат условите за поплнување на европски записник запаезете го став 3 од конкрентниот член.
- Став 8 од истиот член 219
(8 ) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот-учесник во сообраќајна незгода кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Значи, не тој што се јавил, туку тој што не сака да прави европски, односно тој што не сака да се потпише, пошто џабе ми е европскиот ако неам потпис на него, исто ко ја да сум си го составил сам.
Член 220
Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи, се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјална штета, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случаи кога:
- едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано,
- едно од возилата има странска регистарска таблица,
- еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанци,
- еден од возачите не поседува возачка дозвола од соодветна категорија,
- на еден од возачите му е запишана прекршочна санкција - забрана на управување со моторно возило во возачката дозвола,
- еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци односно податоците за возилото,
- еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода или
- ако возачот сам учествува во сообраќајна незгода.
Јас никаде во закон не сретнав дека ти го наплаќаат записникот, туку си плаќаш глоба доколку постапиш спротивно на член 219, став 1, односно доколку одбиваш да направиш европски записник при сообраќајна незгода каде што е предизвикана мала материјална штета.
едит: откако го препрочитав постов, уствари глоба ти следува доколку не го отстраниш возилото по незгодата и овозможиш непречено одвивање на сообраќајот. Што значи, вака некако би се одвивало сценариото за глобење. Праиш сообраќајка со мала материјална штетат и ти не си крив, пошто те удира некој од позади. Тој што те удира од позади ти вика не ти признавам не праам европски ќе седиме тука и ќе чекаме полиција. Ти вртиш 192 и они доаѓаат по основ на точка 6 од став 1 од член 220(еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци односно податоците за возилото). Доаѓаат џандарите, гледаат мала материјална штета и му изрекуваат глоба од 250 евра бидејки не го отстранил возилото од коловозот, на тој што не сакал да прави европски, односно не сакал да ти ги даде податоците и сакал да чека полиција за увид.