http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=B0A0DF276D51B444BFB3F03CCAAE4853добро како се десило ова?
сама се запалила и тргнала немој не ме јеби...
На автомобил „ситроен саксо“, со штипски регистерски таблички, денес на пладне, сам му се стартуваше моторот, по што автомобилот појде, заклучен и без возач во него, удри во електричен столб и се запали.
Настанот се случи на отворениот паркинг кај ТЦ „Зебра“ во скопски Капиштец.
Автомобилот беше паркиран и без возач, кога во еден момент, од непознати причини, моторот на автомобилот сам се стартуваше, колата појде и по само еден метар движење, удри во електричен столб на тротоарот покрај паркингот. И покрај ударот, моторот не престана да работи и тркалата вртеа, набивајќи го автомобилот се повеќе во столбот.
За кусо време почна да чади од под хаубата, се слушна пукање и автомобилот за запали.
Екипа на скопската Противпожарна бригада интервенираше за неколку минути, па опожарен беше само моторот на автомобилот.