Кога ќе рече некој "боље извади ја кациггата од глава, поголема белја може да ти направи" сфаќам со кого си имам работа.
Малце за размислување: подобро е со кинеска кацига да удриш во ивичњак или со гола глава?
тоа е така бидејки не си упатен, а одма би сакал да ме испоплукаш мене, оној што уствари СТАЛНО ГО ПЛУКАШ и не пропушташ шанса да се испрдачиш со мој пост...
да мартин.. боље со глава да удриш во ивица од тротоар одколку со кинеска кацига од 300-500 денари да удриш во истата ивица..
размислувањето:
таква кацига, не само што нема да те заштити од ивицата, туку кога ке се распрсне како стакло, ти пак со главата ке се забиеш на ивицата, само овој пат многу е можно некое од парчињата да ти се забие како остар нож длабоко во главата па и мозокот, може да ти истера око, или устата да ти ја направи како на џокер од бетмен....
разгледај малку по нетов, какви тестови се направени со тие евтини кациги, погледај што луѓето тестирале и кои се ЦРНИ сценарија се случиле на луѓе кои носеле такви кациги... и следниот пат пред да провериш нешто, немој те молам да ја користиш фразата: “кога некој ке ми рече тоа и тоа, знам со кого си имам работа“... возам брзи мотори од 15-та година, ваљда знам поише од некој како тебе кој што вкупно нема години колку што јас возам мотори... таква кацига не би ја препорачал ни на некој што вози точак... дури и за нив е опасна... повторувам ОПАСНА Е!! може камче од кола да те удри во визирот, да се скрши и визирот да ти го направи касапница лицето додека да застанеш...
Јбг, нема секој 200/300 евра за кацига.. 50% од кинезите (50цц) толку вредат..
имаш квалитетни кациги, кои прошле на тестинг за издржливост кои не се по таа цена... 55-60 евра па нагоре се цените... нај обичен точак е поскап од тоа а не било кој кинески мотор...
не си играјте, не купувајте кациги од 5 евра, колку само за пред закон и полиција... може многу да ве кошта тоа...
edit...го побарав и најдов линкот.. еве ви нешто и на наш портал напишано:
Под евтините шлемови згаснуваат скапи животи
Шлемовите се од кинеско потекло и имаат пластика што би се скршила и при најмал удар. Ова им го кажувам на сите мои муштерии, но речиси секој од нив го игнорира предупредувањето и купува евтин шлем од 300 денари само за да се оправда пред полицијата, вели Иван Т., продавач од скопската населба Волково...............
...............
- Ако на главата ставите неквалитетен шлем, тоа значи дека воопшто не сте ставиле шлем. Наместо да ве заштити од евентуален удар или пад од мотор, тој може дополнително да предизвика повреди на главата - објаснува Николовски.
повеќе прочитајте на:
http://motori.com.mk/zadolzitelno/korisni-tekstovi/5521-pod-evtinite-slemovi-zgasnuvaat-skapi-zivoti