ok ja najdof, oho hoo...
утепав 15-тина минути и јас изгледав.. еве го:
патем речено... на линкот од нова македонија:
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81315849324&id=12&prilog=0&setIzdanie=23541го прочитав и ова:
во секој случај, носењето шлем е задолжително за сите возачи на скутери и мотори, па доколку пред извесно време имаше мал пропуст во законот, сега полицијата сигурно ќе ве казни ако шлемот го носите на кој било друг начин освен онака како што е наменет, на вашата глава.
имав заборавено да напишам дека го сменија законот пред некој месец, т.е. кога го донесоа правилникот со “поскапување“ на казните во сообраќајот, тогаш и ја поправија грешката што ја имаа во претходниот закон, во кој велеше дека е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОСЕДУВАЊЕ И НОСЕЊЕ НА БЕЗБЕДНОСЕН ШЛЕМ ПРИ УПРАВУВАЊЕ НА МОТОРЦИКЛ, без притоа да биде прецизирано дека треба да се носи на глава... па така, сите несовесни моторџии го почитуваа законот и кога сакаа да возат без кацига, едноставно ја закачуваа на мотор било каде, и ти си чист пред законот.. ти носиш кацига со себе, ја поседуваш, твоја е.. јбг, сега нивна грешка беше... дури и лист имаше еден со цитат од законот, на некој од мото форумиве, да си го отштампа кој сака, со дополнување од правник кој фино и законски објаснува дека НЕ Е ПРЕЦИЗИРАНО КАДЕ ДА СЕ НОСИ ШЛЕМОТ... мислам дека и со
армекс го дискутиравме истово дека во правилникот во војската исто така (пред незнам колку години) е увидена грешката и корегирана откако многу војници ја увиделе истата и почнале да ја практикуваат.. за капата збориме.. си ја закачувале на ремен-каиш и велат дека го почитуваат правилникот...
е сега го изменија тоа, па во истиот заон уфрлено е дека шлемот мора да биде на глава... толку од луксузот на несовесните моторџии...