Тигуанот има контрола на стабилност никогаш нема така да се преврти освен ако не си скроз идиот. Сум влегол многу пати со Тиго во тави ситуации и со големи брзини па сум бил далеку од тумбање. Иначе ако се тумбал ради преголема брзина ќе завршел на тротоарот ваму десно.
Јас мислам дека имало некоја препрека која ја закачил со левите тркала или пак тротоарот па се превртел.
Иначе минатиот викенд возев накај Љубаништа и со друштвово во кола во ист момент и во ист глас сите го дадовме истиот коментар: Вака ли се прави кружен тек беее.
Кружниот тек е со премногу мал пречник, на него има две ленти кои се премногу тесни. Тек сега ќе почнат срања да се случуваат тука. Кога се враќавме наредниот ден назад имаше моторџија излизган таму и асфалтот беше цел црвен од бојата од моторот.
Каде е кружниов уствари?
На првата раскрсница кога ќе улегнеш во Охрид, таму кај што имаше легнати пандури порано.