Како возачи треба да бидеме 1000 пати посвесни за пешаците, моторџиите, велосипедистите и слично. Доста со изговорот дека претрчуваат, го знаеме сите тоа и тоа мора да се среди, ама не на ваков начин. Ама ако ја намалиме брзината на клучните точки, ако возиме трезни и совесно, ако не куцаме на телефоните додека возиме се ќе биде подобро. Сепак ние со колите сме поопасни за сообраќајот од останатите учесници. Жалосно е и страв ми е и за мене и за моите поради ова што се случува. Не поминува ден, а да на не се случи нешто вакво. Сообраќајната култура не постои, домашната култура не постои, совеста па да не збориме.
Прееска тројца копиљаци со Ауди кабрио возеа слалом во најголемата гужва во градот. Возеа брзо и со брзи стартови. Вчера типка паркираше кај Кјуби на пола улица, па уште излезе од кола и ја остави вратата отворена. И уште мал милион пати ми отвориле врата кога најмалку сум очекувал. Али ако човек е свесен дека со колата може да убие, да вози пристојно и со нормална брзина и да не буља во телефонот, сето тоа може да се избегне.