Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3415086 пати)

Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5659
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Koe vreme?
I jas pominav tamu nakaj 17 casot.
Magla imase za site pari.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2735
  • Шалабајзер
негде тој пероид, можда нешто пред 5, спас беше ако прелета некој со гољф па да се шлепаш побрзо позади него, иначе немаше шанси сам да возиш побрзо од 70-80 км/ч
No turbo, no fun :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
впрочем, колку што е и дозволено да се вози на тој пат... 80 е лимитот...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
негде тој пероид, можда нешто пред 5, спас беше ако прелета некој со гољф па да се шлепаш побрзо позади него, иначе немаше шанси сам да возиш побрзо од 70-80 км/ч
Што не се зашлепа по мене :-)  бтв имаше еден пациент со нова киа што возеше без штопови и со предни дневни светла, дојдов до него му свирам му покажувам ама изгледа глупакот тешко му фаќаше црпката.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
На мене искрено не ми е јасно каде се брза толку многу во Македонија, кога најголемата релација е 300 километри.  :-\ :-\ :-\
Или едноставно ни врие јужната крв.  ;D ;D

пс. Можно е и самотниот живот да ме има научено на многу повеќе трпение.  :-\
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Е па 300км, со брзо возење се траскаш само 3 саати. Со нормално возење се траскаш 6 саати.  Зошто да се траскаш 3 саати подолго? :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
На мене искрено не ми е јасно каде се брза толку многу во Македонија, кога најголемата релација е 300 километри.  :-\ :-\ :-\
Или едноставно ни врие јужната крв.  ;D ;D

пс. Можно е и самотниот живот да ме има научено на многу повеќе трпение.  :-\
Има 300км меѓутоа возиш многу споро по тие 300км и ги поминуваш со просечна брзина од едвај 70кмч, освен ако одиш по 2та автопата каде просечна ќе ти е 100кмч. Ете таму се брза. Да имаш автопат со 130кмч дозволено нема да се брза зошто тоа ти е некоја релативно добра брзина за возење навечер и во лоши услови на автопат. А навечер на кривулести патчиња едвај 60 креваш максимална за да не ти излета нешто што нема да го видиш. Дење пак подруго е. Нервозата од влечкање во единечна лента си има свои психолошки ефекти (кљанкање) со 40 по стража или пресека позади камиони доведуваат до тоа да сакаш да стиснеш на автопат кога ќе дојдеш. Особено што автопатот кој ти доаѓа е 80 ограничен, а нормално сите возат 110кмч.

Како и да е ефектот одма ќе го забележиш на убав пат, каде во Грција на двоен пат не ти сметаат камиони и може да возиш 120кмч константно, или пак на обиколниците нивни или автопатите каде 130 е дозволено. Истото и накај србија. Нервозата се намалува, не ти сметаат камиони, нема тензии, нема проблеми. 130 дозволено, си возиш како и сите други 150кмч и тоа е воглавно тоа. Кај нас проблемот се тесни патишта и недостаток на автопати на клучните делници како Скопје-Грција и Скопје-Охрид кои се главни и основни делници во МК од кои се делиш за секаде. Тие нечинат, и автоматски целата мрежа нечини. Еве се оправа Е75 да е конечно автопат цел и да не се тегавиш како бидала позади камиони или влечковци, а за Охрид има планови во нашиов животен век (следниве 50 години) па може и ќе пркне. А каде е на тоа железница? Да ги растеретиш патиштата со добра железница знаеш кој е ефектот?

Главниот транспорт наместо да се кљанка со 1000 камиони (илјада камиони) може да оди во 1 (еден) воз. знаеш кој терет е тоа за еден автопат? 1000 камиони! Тоа само за стока и производи. А нафтовод? Гасовод? Истото. Камиони за локално патуавње, нема потреба да се ака со камионите наоколу? Возила кои немаат никакви услови да смеат да излезат во град во ниеден случај и се влечат и кочат сообраќај? „Немаат со што да одат“. Да имаат воз, ќе си одат со воз до Солун, до Битола, до Охрид, немора со скапаницата 20 години стара која нема еден оригинален дел веќе на неа да се акаат по меѓуградски патишта и да прилинуваат нервози и несреќи. Значи автопат, камиони, возови, старудии...

Па ако го решиш тоа бе другар, како што парајлиските држави го решиле, нема кај да брзаш. Натенане ќе си одиш ако се е под конец. Или барем 90% е под конец. Ама не кога е 8% под конец. Кешки (кешкииии) да бидне Е75 аир малце да видиме кон нашиот сосед.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Возила кои немаат никакви услови да смеат да излезат во град во ниеден случај и се влечат и кочат сообраќај? „Немаат со што да одат“. Да имаат воз, ќе си одат со воз до Солун, до Битола, до Охрид, немора со скапаницата 20 години стара која нема еден оригинален дел веќе на неа да се акаат по меѓуградски патишта и да прилинуваат нервози и несреќи. Значи автопат, камиони, возови, старудии...

 ::)


Само незнам дали скапаницава на сликава или поло со 3 клипа на плин за на отворен пат, што е подобро :-\

130 дозволено, си возиш како и сите други 150кмч и тоа е воглавно тоа.

А ако возиме останатите во опсегот 100-130 ? Или 120-130 ? Пак ке ти сметаме во овој случај за тоа кукање да имаш 130 ограничење ?
И ете дојдовме до заклучокот дека и 130 да се ограничењата, пак ке си прекорачувате.
И 150 да е, ти ке пишеш, 150 е дозволено, 170 ке си возиш нормално.

Истото ке ти се случува и на Тетово-Гостивар. Само таму возиш 110 (така барем се изјаснуваш), а ако е така, 99% е така заради паушалот твој што сакаш да и го даваш на државата во случај да те измери полиција.
« Последно менување: 20 Јануари 2015, 16:59:47 pm FiLo »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Ако е одржавана соодветно ова е одлична кола, која радо би ја купил и возел. Но една од ретките од тоа годиште.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
овие кај нас ретко кој ги одржува соодветно. Чессто ги возат и со излижани гуми оти нови се скапи да се купат нели за зимкси да непраиме муабет.ама кога се купува мерџан за 3000 евра тоа е

2 ги има кај мене на улица, едниот има гуми даска а фацата цела фамилија си ја вози со него, другиот исто цела зима на летна гума ја вози само кога падна првиот снег ја остави

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Само незнам дали скапаницава на сликава или поло со 3 клипа на плин за на отворен пат, што е подобро :-\

Зависи дали е пред распаѓање суспензијата и во која состојба се гумите.

Ако ти текнува пред некое време некој пиша како излетале од автопат при првото возење со сличен Мерцедес кој го купиле на старо, затоа што им се скршила суспензијата на предното тркало.

И каква врска има бројот на клипови со стабилноста на отворен пат? ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Изолирани случаи само возат под дозволено. Тие најчесто кочат сообраќај. На прсти се бројат тие коли, а и приметливи се најчесто од далеку. Тоа го имаме заклучено одамна со разни тестови и студии.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одамна заклучивме дека неколку души, на чело со тебе без навреда, секогаш и секогаш, колку и да ви дозволи народ да возите, секогаш ке бидете до 30+ над ограничување. Барем признај си го тоа и биди реален еднаш. ;) :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Возам колку што дозволуваат условите на патот.

Нормално дека нема на снег да возам 150кмч, па ни 140кмч, или навечер на неосветлен автопат, или на пороен дожд, или со античко возило, или со неодржувано возило... Не е се така црно-бело.

Те разбирам дека се вреѓаш за возилата кои ги возиш, и со тоа сакаш да возвратиш. Тоа е воочливо, и не е срамота, во ред е. Малку објективност од друга страна не е на одмет, наместо гледање само на своето-своето и само своето. Треба некогаш да се согледа и остатокот од светот кој го сочинуваат останатите 99 проценти.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Снег, неодржувано возило и слично за тебе се да речеме докај 10% од целокупното време во текот на 1 година, така да дојдовме до заклучокот а ? :) Дај си рака и вози си +30 над ограничување, само некогаш имаш доста навредлив однос кон некои што немаат за понова кола или пак одлучуваат да возат во рамките на дозволените брзини, затоа што на крај краева, тој со 100 км/ч е тој што го почитува прописот, а не ти со 30+ над ограничење ? Освен ако ја зафака лева лента на автопат за која си реков во темата со полициција дека треба да е слободна, на автопат се вози во десна, а се престигнува ако има поспоро возило од тебе и притоа да припазиш од позади некој да не лета дебело над ограничење.

А тој што престигнува со 100 км/ч а притоа не се осигурал дека позади него е сигурно, тоа е веке друга работа.