Сите учесници во сообракајот на патиштата треба детално да се запознаат со содржината на Упатството за употреба на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди (се наога на последната страна). Во основа Европскиот извештај се однесува на сите сообраќајни незгоди со мала материјална штета. Меѓутоа, во почетната фаза од примената на истиот се цени дека Европскиот Извештај треба да се пополнува и потпишува тогаш кога и двата учесника (возачи) се согласни за фактичката состојба односно за начинот на случување на сообраќајната незгода. Потписите на учесниците во сообраќајната незгода не значат дека е постигната согласност за вината за сообраќајната незгода.Тоа значи, дека потпишувањето на Европскиот Извештај за сообраќајна незгода не значи и признавање на вина.
Бујрум.
и мене така ми кажа од Еуроинс, а овој од деловницата на Винер вика спротивно.
ЕВЕ зошто е важно се ова. Пред некој ден пријателот на лазење удри автошкола која ненадејно застана, напред седев и ништо не осетив, но не ја удри колата туку ја удри само КУКАТА !! (автошколата си возел со кандидат со недемонтирано кука долга ). Тој имаше 0 штета а нам ни се распука на едно место браникот, т.е. топчето влезе во браникот. Да бев јас со мојата стара кола нема ни јас да имав никаква штета, тие браници само се вдлабуваат , ќе го загрееш и се исправа. Овие новите ќе треба да се вади, да се завари и офарба. Кога дојдовме мајсторот ни вика што не му се заканивте со полиција. Арно, ама тој може си има луѓе во полиција и да му напише после ќе му ја скинат казната за возење со кука а на тој што повикал ќе му дојде да плати увиѓај, 250 евриќи.
Но поентата е друга. што ако возилото кое удира во куката на предходното има делумно каско, а овој што е удрен во кука ( а има 0 штета ) не сака да прави европски записник ?? Ако му викнеш полиција ќе ти каже тоје крив за возење со кука ама ти си го удрил во кука, пак плакаш увиѓај. Истото може да се случи ако имаш дешавка со коли што се шлепаат ако си крив. Они ако немаат штета нема да сакаат ни европски да прават за да не случајно ги казнат.
Посебно има и друго, ако биде поголема штета кај тебе а имаш само делумно а не фул каско, компанијата може и да не ти признава штетата, ќе рече приватно да го тужиш тој што возел со кука, демек несоодветна употреба на возило... а истото ќе биде и тој пред тебе ако има на кров некој долго железо... Има на интернет некое судење каде Винер ги тужел колите што направиле европски записник дека главната штета не е од ударот туку се сомневаат дека е удрено во кука од предно возило а на увид кај компанијата таа е демонтирана, си изгубија и пари за штета и плус дебели судски трошоци. Да не зборувам што 50% од полиција и не ги знаат законите... пред некој ден ми кажа другар, сега бил на технички со недемонтажна кука и ништо не му рекле ?? Сигурно има и други дубиозни ситуации, така од ова европски записник не гледам некоја полза. А нема народ и култура, доставни возила маваат по паркинг правилно паркирани возила и си одат, никој не оставил на оштетеното возило барем телефон... а и бегаат, и да го видиш. Мене уште пред 10 години додека стоев 100% правилно во лента зглобен автобус од другата лента ми го скрши ретровизорот и избега. Сите возила околу мене се разбегаа како ебола да има, срека настанот го виде полициско комбе и прати полиција , бусот го најдовме на почетна автбуска под железничка, си наплатив штетата ( ама и тоа со судни маки, Кјуби 3 месеца криеше дека бусот е кај нив регистриран, мораше човек од компанијата што ми направи процена инсајдерски да ја најде во Кјуби полисата, немале програм по регистрација на таблица да го најдат дека е кај нив !!!)