Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3851131 пати)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18026
Како предните гуми не изгубија тракција? Океј, тежината е таму, но следејќи ја истата патека на движење, летните гуми заебаа работа.

Главниот проблем во зимски напред - летни назад е што даваат премногу доверба во возилото. Ти си бркаш работа со 50 на кривини и осеќаш низ волан дека колата се однесува океј, но не го осеќаш задниот дел како се бори да задржи тракција, се додека тотално не пушти - и еве како во наш случај, да те однесе во банкина.

А тоа дека на мраз немало врска дали е зимска или летна гума... Мало морген.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
да сум седел јас позади, задните, иако летни ке имале подобра тракција...

мартине... за име на доброто на лугето, фрли некое килце на себе во иднина...

:)

шала на страна... тежината напред го прави своето. позади колата е лесна и празна поготово тој тип на возила. кога би имало поголема тежина не би се десило таков удес, можеби би успеал да го исконтролира... тоа секако не е оправдание за имањето летни гуми позади а напред зимски.. сите 4 треба да се зимски...

тука доаѓа до израз муабетот кој неколку пати го имам посочено... тој тип на возила не за џабе се наречени мали ГРАДСКИ возила... не дека истот неможе да се случи во град, но доста по изразено е на отворен пат... такви кривини со тие брзини во град не ги фаќаш и возиш никогаш.
« Последно менување: 30 Ноември 2014, 11:32:28 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Ни зимска на мраз не те спасува. Те спасува среќа. Јас со 15 км на саат со зимски гуми излизгав на кривина за влез во уличка кај мене. Зашто беше -10 надвор возев толку бавно што мислам луѓе пешки побрзо одеа. Среќа па удрив во тротоар со гумите, а не во околните паркирани коли. Кога излегов да видам како е можно да излизгам при толку мала брзина видов дека е мраз тоа место, а не се приметува.
Пробајте да одите на мраз па ќе паднете 5 пати во 10 чекори, а не па да возиш.
Како и да е драго ми е што прво ти (Мартин), а после останатите сте се извлекле здрави и живи.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Зимските ке имаат подобра тракција во секој случај. И да избега колата со 4 зимски ке избега помалце и подеднакво, а вака колата се испонашала како со заден погон, предните колку толку нешто задржале тракција а задните не. да биле 4 зимски рецимо немало да биде до толку драстично. А дека ако се сите зимски може што сака да прави НЕ, далеку од тоа, ке излизгала колата да речеме пак, ама кога фатила тракција друго ке било ;)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18026
Другар што возеше позади мораше да кочи нагло од 50 до 0 на истата кривина за да не се учука во Спаркот и кажа дека ABS и ESC не се ни уклучиле. Колата има 4 зимски BF Goodrich, така да во мои очи кривецот се летните гуми на задна оска.

П. С. Една многу чудна работа што сите таму ја искусивме е што од 7 луѓе што бевме во двете коли, во рок од 5 минути после ударот на 5мина од нас ни ѕвонеа домашните на телефон. :)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4125
Другите 2ца веројатно се посвоени :)  Инаку за сообраќајката во Велес, Роми беа во колата и квалитетно се имаат тумбано. Причинители веројатно се годините и глупавоста на возачот.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Денес пред мои очи ресенско копито со Мерцедес Ц класа и регистрација **** - А* удри кола на сам мост обединети нации и избега. Го бркав се до архивот кога сврти десно на московска и возеше цирка 150, при тоа газеше две полни линии во два наврати и со огромна брзина прошиша на раскрсницата кај пазарчето во тафталиџе. Пред тоа на раскрсницата во карпош 4 помина на црвено. Луѓе и коли мораше да бегаат за да не настрадаат. Јас морав да се откажам зошто не сум ненормален да возам 80 низ град при густ сообраќај. Иначе чисто ме интересираше дали ќе направи некоја глупост, ама очигледно се работи за девијантна личност зад воланот.

Се мислам дали да пријавам во полиција, ама знаејќи ја домашнава полиција само беља ќе си навлечам.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Пријави го Миле, чим удрил кола и бегал пријави го одма!!!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Треба да го пријави типот со Стилото а не јас. Уствари јас директно не видов дали баш го удри, ама се размина од многу блиску и после тоа човекот во Стилото излета од кола и почна да му мафта и да го пцуе. Тогаш јас му се пуштив и почнав да аблендирам а типот стисна на гас и почна да бега од сведоци.

Мисламдека го удри со предниот десен браник во задниот десен агол или крило на Стилото

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4113
Чим ја знаеш регистрацијата пријави, веројатно и тој со штетата пријавил па ќе го реши некој. Ако не пријавуваме сами вакви работи нема никогаш да се средиме.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Не сфаќам зошто си ја скрил регистрацијата во претходниот пост, и јас на твое место одма би го пријавил во полиција.

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5390
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Баш за вакви ситуации треба камера.
Ајде препорачајте камера за во кола, средна класа ама да има и релативно добра ноќна снимка...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Абе имам камера ама бев со службеното возило ебаго. Како се погодуваат интересни работи за снимање кога немам камера да му се невиди.
Фиц, регистрацијата ја памтам ама не ја пишав од јасни причини. Не сакам ништо да тврдам јавно на форум зошто од тоа можат секакви приказни да настанат.

Иначе се јавив и пријавив, али на полицаец мој роднина. Не работи во сообраќајна полиција ама ми се изнасмеа и рече ќе провери дали има пријава, ако има пријава и има корист од сведоштво дека ќе ме бара. Радо би бил сведок да сместам некого зад решетки по можност :) преку на Тасе од такви идиоти на улициве.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Кои јасни причини? Ти си ја кажа твојата приказна, какви други приказни може да настанат? И не сфаќам зошто ти се изнасмеал глупиот џандар, должност на секој граѓанин е да пријави кога ќе види некоја неправилност која оштетува недолжна личност.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Фалангич додека се криеме зад тие јасни причини е до тогаш ке не ебат како стигнат :)