Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3863694 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7123
  • Бенве сие бенве
На тахо картицата се гледа месец дена уназад, јас пред полиција правам отчет на последни 28дена, се гледа брзина на движење, поминати километри и извозено време. Има манипулации и со неа, ставаш магнет на пињонот што чита од мењачот и тахото не реагира.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Абе не си балканац ако не знаеш некој таков трик  8)  ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
На возачот на Туарегот со таблица White House му бил дијагностициран „акутен стрес“. Се надевам дека набрзо ќе му дијагностицираат акутен затвор.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Oд Батинци бил. Тоа е после Драчево.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Тоа White house му е под нормалната таблица, така да не се возел со white house напред.

А не е ништо чудно што имал акутен стрес, каква глупост и да направил сепак е дете што утепало друго дете, без намера али најверојатно со идиотско и неодговорно однесување (возење).
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
@Dende
Нема потреба од џпси и свашта -

едноставно го програмираш клучот во неколку парамери и готово, го даваш клучот на детето со макс дозволена брзина од 80 за скопје сосема доволно и немаш гајле, знаеш дека нема да лета со 200 :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Јас па сметам дека дете се воспитува перфектно само со авторитет, кој во никој случај не произлегува од ќотекот.

Баш така. Истото сум го установил и со моето дете. Ќотекот е контра-продуктивен. Авторитетот кој ќе го заслужи кај детето чуда прави.

Oд Батинци бил. Тоа е после Драчево.

ЛОЛ! That explains a lot...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Хммм, јас сепак сметам дека контролирана ескалација (некогаш во вид на ќутек), одвреме навреме е потребна работа.

Пример детето е постојано предупредувано да не се приближува до печката. Пошто физички не е возможно 100% од времето да биде набљудувано, еднаш детето ќе се обиде да ја пипне печката. Илјада предупредувања нема да ја завршат работата како тоа едно изгорување на прстето. Во наредните прилики, секоја идеја за допирање на печката ќе се асоцира со болка... и нормално, ќе биде избегната.

Втор пример, детето се обидува во штекерот за струја да пика метални делови од играчки (или ватевер метално и тенко). Во овој случај учење преку искуство не доаѓа во предвид (не мора ваљда да објаснувам зошто).
Значи ако со кажување детето не успева да научи да не пика работи во штекерот за струја, малку ќутек ќе ја заврши истата работа како и печката во претходниот случај.

Важно е да се научи некои работи да ги асоцира со опасност. Затоа ќутек би дошол во обзир само во екстремни ситуации. За поголемо дете, ете ако премине улица со претрчување пред автомобили.
Што е подобро, да попие еден солиден едукативен ќутек... или (скраја да е) да биде удрено од кола?

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Кој ќе го исплеска по газето,куќната слугинка?
ОТ-жално за згаснатиот живот,тешко на родителите :(

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4115
За жал сведоштвата од секојденвните возења низ градов се дека подеднакво возрасни и не така возрасни прват груби прекршоци (директно загрозување на нечии живот) без да бидат санкционирани. Брзо возење, поминување на црвено светло, полукружни вртења на  сред улица преку две полни линии, возење во спротивна насока на едносмерни улици, престројување со буткање на сред раскрсници, посотојана промена на лентата на движење и преминување по две коловозни ленти одеднаш за „подобра пол позиција“, застанување на кружен тек (имам видено во Ѓорче дури и да ја остават колата и да излезат до неа)..итн. Насилничко возење кое  предизвикува непосредна опасност.

Поентата е, што веројатно и тука мноугумина ја навестија,  дека родителот или кој и да е тој што го израснал воопшто не ни се обидел да го направи правилното, и што е многу веројатно кога неговите деца ги возел во кола додека растеле ги возел исто така, „насилнички“ како што и тие сега возат.
« Последно менување: 16 Ноември 2014, 23:46:59 pm bramovsk »

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7114

Малку те поправив. Не си во право, брзото возење во никој случај не е проблем и е оправдано. Проблем се само оние што поминуваат на црвено, возат под дејство на алкохол и пешаци што поминуваат улица.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Прееска се враќав накај дома и стоев на црвено на раскрсницата пред железничка кај оне зградата. Во средната лента стоеше Ауди А4, во најдесната Пежо 307. За цело време на црвеното полека се тргаа накај напред, во истиот момент кога затвори семафорот за пешаците тие тргнаа на црвено додека поминуваа коли од спротива преку раскрсницата. Страшно, искрено се надевав деќа се учукаат.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
За жал сведоштвата од секојденвните возења низ градов се дека подеднакво возрасни и не така возрасни прват груби прекршоци (директно загрозување на нечии живот) без да бидат санкционирани. Брзо возење, поминување на црвено светло, полукружни вртења на  сред улица преку две полни линии, возење во спротивна насока на едносмерни улици, престројување со буткање на сред раскрсници, посотојана промена на лентата на движење и преминување по две коловозни ленти одеднаш за „подобра пол позиција“, застанување на кружен тек (имам видено во Ѓорче дури и да ја остават колата и да излезат до неа)..итн. Насилничко возење кое  предизвикува непосредна опасност.

Поентата е, што веројатно и тука мноугумина ја навестија,  дека родителот или кој и да е тој што го израснал воопшто не ни се обидел да го направи правилното, и што е многу веројатно кога неговите деца ги возел во кола додека растеле ги возел исто така, „насилнички“ како што и тие сега возат.

Малку те поправив. Не си во право, брзото возење во никој случај не е проблем и е оправдано. Проблем се само оние што поминуваат на црвено, возат под дејство на алкохол и пешаци што поминуваат улица.

Еве и ја да те поправам. Убаво што ги сведе сите проблеми во сообраќајот на само три инстанци, само што тоа и не е баш точно.

Исто така проблем се некои шофери на ЈСП што се понашаат као да го ослободиле Скопје, што особено доаѓа до израз кога ќе се зајадат со приватњак. (мала дигресија: CHALLENGE!! Кој ќе успее на странец да му објасни државен и приватен јавен превоз, го частам минимум сикспек пиво по избор).
Исто така проблем се стари чичиња на точкови што к** не им дреме ни кај возат ни како возат.
Исто така проблем се млади фраеришта со нови точкови што глумат каскадери па и они си даваат за слобода да проаѓаат на црвено.
Исто така проблем се ропаци на скутери, кои сакаат да бидат третирани како еднакви во сообраќајот, меѓутоа истовремено проаѓаат раскрсници на пешачки и возат на тротоари.
Исто така проблем се некои од припадниците на државните институции кои ама уопште не им дреме ни како возат, ни каде возат, ни како и каде паркираат.
Исто така проблем се пешаци што пешачкиот го гледаат како поле за изразување на своите манекенски квалитети, па тие што се решиле да застанат, треба да патат како копилиња.
Исто така проблем се пешаци што проаѓаат на места каде што имало пешачки, но веќе нема, и се невероватно воинствени, тукуречи убитачни ако им свирнеш малку.

Има многу многу повеќе проблеми од само „поминување на црвено, возење под дејство на алкохол и пешаци што поминуваат улица“.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7114
^^
Знам јас што зборувам и што сакам да кажам, која ми е целта. ;)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Браво за тебе :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.