Многу сте во право дечки, ама па и многу е сложено. Не се криви само децата од по 20 години што не знаат како возат...
Во нова кола сето изгледа како возење NFS Underground и потребна е „само желба“ за да застанеш од 120 на семафор.
Кога со Citroen VisaII SuperE ќе се најдеш наеднаш пред кривина, и кога ќе сватиш дека шансите да ја фатиш ти се минимални се појавува еден скриен момент, секунда и изгледа вака („офлеле мајчице, никош појче - НИКОШ ... никош нема вака да возам ако куртулам сега. Ветувам.. никош! Тато, мамо Ве сакам.. Дијана срце и тебе многу те сакам, тоа со Габриела и со Фросина беше чиста глупост, списанијата под кревет се од брат ми не се мои, а ако умрам плочата нека биди црна со слика на средин...лелеее лелеее лееле) ... Кога ќе помина страшното се чувстваш гордо, успешно, мажиште...
Кој не го поминал ова - многу во животот не научил!
п.с. А на таа кривина секоја просечна Алфа 159ка може да влези и со 80 на сат или доволно е бар да ја допри кочницата штом ќе ја види кривината...
И сега како да знае тоа дете што пораснало во алфа 159ка дека не можеш секогаш да возиш ко што ти чини тебе??