
Баба Павлина досега изграбала и оштетила повеќе од сто автомобили на соседите од својата населба. Подолг период во полицијата пристигнувале пријави од граѓаните дека некој им ги оштетува автомобилите.
Како што од ден во ден се трупаа пристигнатите пријави и поплаки, така еден ден пристигна и сведочењето од група деца дека е забележана повозрасна жена како гребе автомобил на улицата каде што играле.
Ова не било доволно за полицијата да ја обвини госпоѓата за сите дотогашни дела, па превземала акција за следење и фаќање на старицата во евентуално ново дело.
Сомневањата се потврдиле. Баба Павлина е таа што ги гребела автомобилите во Тафталиџе, со домашниот отворач за вино.
Таа на полицијата и ги признала сите сторени дела. Како причина за правењето штета го навела тоа што нејзиниот син немал автомобил, па заради завист посегнала да ги казнува сите оние кои имале нов автомобил.
Проценетата штета од дејствувањето на бабата е околу сто илјади евра, бидејќи автомобилите биле претежно скапи и луксузни, чија поправка чини поголема сума на пари.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=66078П.С. Осеќам ќе биде завили сте бабу у тепих