Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3078933 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Нека почива во мир!

А како, кога и каде?


http://www.kurir.mk/makedonija/crna-hronika/161680-FOTO-Luksuzno-BMV-srusi-semafor-vo-centarot-na-Skopje
Инаку, пак "луксузни коли" прават сообраќајки... Ретард медиумите немаат инсаф  :-X

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Е авторот би го подложил на третман по коленцата со ова:



Па друг пат пак нека му биде луксузно ова bmw.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Можеби новинарот вози Калос.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Каде е овој таканаречен центар?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
На патот накај Пуста Брезница.

Изгледа е кај подвожњакот накај Црниче.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Дечкото вози Поло.... дизел.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Бемвето вчера го видов, после Јаја Паша пред Битпазар. Некој му излегол на пешачки ..

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Пред очи на 2 метри од мене собраќајка...роми со Лада сечеа главен пат, добија страничен удар...на 2цм од колата моја застанаја...гадно чувство
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
kisela voda kaj balonot, kaj slepite, kaj ate, oridski mecredes vlezen vo zgrada, us pat sobral i xsara i unistil skoda yeti i us pat i nesto sitno...imase guzva i brza pomos...

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Нека почива во мир!

А како, кога и каде?


http://www.kurir.mk/makedonija/crna-hronika/161680-FOTO-Luksuzno-BMV-srusi-semafor-vo-centarot-na-Skopje
Инаку, пак "луксузни коли" прават сообраќајки... Ретард медиумите немаат инсаф  :-X

Другарот го удриле странично, бил со југо. Настанот се десил во близина кај затворот идризово.
Незз зошто нигде не пишува за сообраќајката.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
kisela voda kaj balonot, kaj slepite, kaj ate, oridski mecredes vlezen vo zgrada, us pat sobral i xsara i unistil skoda yeti i us pat i nesto sitno...imase guzva i brza pomos...

nekoj debil so dzip gi udril cicko mi.. pa  od udarot letnale so kolata u mercedes. nekolku rebra skrseni, karlica i neso sitno. Tie napred sto sedele osven nabienici nemaat povredi. cicko mi najvise go okrkal. direkt u nego, srekja sto ostanal ziv. i nekolku koli unisteni uz put

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Ух, се надевам дека брзо ќе се вратат во нормала.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Баш таму имам колега охриѓанец со охридски мерцедес, па се извадив од памет и сега му се јавив ама не бил неговиот мерцедес. Он микажа дека Јетито што е тоталка е на Ате.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Хаос на скопските улици: Двајца загинати, 25 повредени

16.06.2014 - 09:22:50
   
За време на викендот на скопските улици се случиле вкупно 31 сообраќајна незгода.

Во петокот, се случиле вкупно 12 сообраќајни незгоди. Пет од нив се со последица материјална штета и седум со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патнички моторни возила, еден пешак, тројца сопатници и двајца мотоциклисти.



Се случила уште една незгода со мала материјална штета во која бил пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во саботата, пак, се случиле 11 сообраќајни незгоди. Пет од нив се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца пешаци, еден сопатник и двајца возачи на мопед.

Се случила и една сообраќајка во која тешки телесни повреди заработило едно лице.

Вчера на скопските улици се случиле осум сообраќајни незгоди. Четири од нив се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле две лица.

Вчера се случила и една сообраќајка со тешки телесни повреди, во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице, а телесни повреди заработиле три лица.

Се случиле и две несреќи со загинати лица. Првата незгода се случила во 4 часот и 30 минути на регионалниот пат Скопје – Петровец, во населено место Трубарево. Во незгодата учествувал автомобил „опел вектра“ со велешки регистарски таблички, управувано од скопјанец и автомобил  „Југо“ со скопски регистарски таблички управуван од скопјанец. Со тешки повреди се здобил возачот на Југото, кој бил пренесен во Градската болница „Свети Наум Охридски“ каде по кратко време им подлегнал на повредите. Во незгодата со тешки повреди се здобило едно лице, а две лица се здобиле со телесни повреди.

Втората несреќа се случила во 9:40 часот во село Глумово, во близина на гробиштата Горна Матка. Во незгодата учествувал камион „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управуван од скопјанец. Тој  изгубил контрола на возилото, се превртел и како последица од незгодата еден од сопатниците им подлегнал на повредите.

Полицијата за време на викендот уловила и казнила возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, 35 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 14 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 61 возач кои ги управувале своите возила по истекот на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Исто така преземени се мерки и по прекршоците кои ги чинат возачите на велосипеди со помошен мотор, мопед и мотоциклист при што санкционирани се 19 лица кои сториле прекршоци по разни основи. Од нив, 10 возачи не го носеле заштитниот шлем за време на управување на возилата.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 83 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/2120224930/haos-na-skopskite-ulici-dvajca-zaginati-25-povredeni
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Site koli bile totalka. kojznae kolku vozel tipot :(

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html