Точно!
Има САМО две заебани ситуации со премините:
Во двонасочна улица после пешачки да имаш камион или два камиона/комбиња (што доаѓаат во спротивен правец), а позади нив пешаци кои преминуваат, а доаѓаат на твоја лента. Не можиш да ги видиш и ти излегуваат пред тебе таман ти се приближуваш на пешачкиот.
Еднаш така ми се има замрзнато крвта едвај успеав да закочам.
Друга варијанта е кога на семафор, да речеме со три ленти (две за право една за лево), на левата лента има камион и некој мајчин да преминува на црвено (за пешаци), а ти залетан да го фатиш твоето зелено (мада сега имам забележано ги сменаа семафорите, т.е сите се палат за право и лево), има мелено месо да го направиш.