Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3078685 пати)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Инспекторот на полицијата од Нови Сад изјавил: "И двајцата се виновни. Двајцата повеќе пати биле поблаго казнувани за сообраќајни прекршоци. Возачот зад воланот на автомобилот марка "Голф" имал пробна возачка дозвола."

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Првпат слушам за таква опција.

Имаше и у Скопје пред 15-20 години..

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43706
  • Il Moderatore
Да, имаше. За мене сега е тоа малку конфузно. Се гаси, па пак се пали! Ујеботе, а таман сум почнал да кочам (пошто се угасило)...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Аудиво во кабината нема никакви деформации наспроти деформациите кај Голфот каде левата страна односно двете врати се скоро споени со оние од другата страна.
Еве ова е пример дека треба да се поработи на вакви crash тестови и зајакнување на делот кај вратите. Претерале вратите во апсорбирање удар, во корист на оној со Аудито, меѓутоа не за оние во Голфот.

Секако и било која кола да беше генерациски и во класа на Голфот, исходот ќе беше ист - вратите се ахилова пета.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Колку што можам да препознаам, се работи за Голф 5.

И сепак, сударот не бил директен, него Audi-то го плесна Голфот од страна, каде што сите коли се по дифолт меки. Со најтврдиот дел на возилото удри во скоро најмекиот дел на другото возило.

Какво сака нека биде, ќе наебе.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43706
  • Il Moderatore
Се знае, се влага од задна страна и никој ништо не ти може ако те акне од страна:



BTW, да поработеле возачите на возачка култура (тој со аудито да не прекорачил брзина, а тој со голфот да не поминел на црвено),  исходот ќе беше друг.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Да бе двајцата биле криви пошто овој поминал на црвено.

Едниот е крив пошто поминал на црвено.

Другиот е крив што возел над ограничувања и со тоа:

1. Си ја одзел сам на себе шансата да изреагира доколку некој друг направи глупост како поминување на црвено и
2. Последиците од сударот ги зголемил далеку над неопходното. Не е исто да му влезеш на некого со 50 и со 100.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Дали ке беше другиот крив ако возеше со 60 ама со Камаз и пак да беа истите последици?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Дали ке беше другиот крив ако возеше со 60 ама со Камаз и пак да беа истите последици?

Немаше да биде.

Последиците дали ќе беа исти можеме само да нагаѓаме. Сепак, камазот ќе го опнеше со поголема површина (пошто е поголем), а равенката за кинетичка енергија и дава „предност“ на брзината - брзината е на квадрат, за разлика од масата.



Нема многу филозофии: факт е дека ако кој било од овие двајца возеше по правила, како што рече Симо, исходот ќе беше многу, многу различен.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Последиците ке беа исти а и причината за несреката ке беше иста : ПОМИНУВАЊЕ НА ЦРВЕНО СВЕТЛО ОД СТРАНА НА ВОЗАЧОТ СО ГОЛФОТ. Тогаш доагаме до заклучок дека брзината на аудито е фактор само да имаше шанси за преживување во сообракајната несрека но не по вина на шоферот на аудито. Законски со нормален адвокат шоферот ке плати казна за возење под дејство на алкохол и зголемена брзина и ништо повеќе.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Па и тој со Голфот поминува на црвено и се влече со 30. Не учел од скопските фраери дека на црвено се поминува со минимум 90 км/ч. :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Последиците ке беа исти а и причината за несреката ке беше иста : ПОМИНУВАЊЕ НА ЦРВЕНО СВЕТЛО ОД СТРАНА НА ВОЗАЧОТ СО ГОЛФОТ. Тогаш доагаме до заклучок дека брзината на аудито е фактор само да имаше шанси за преживување во сообракајната несрека но не по вина на шоферот на аудито. Законски со нормален адвокат шоферот ке плати казна за возење под дејство на алкохол и зголемена брзина и ништо повеќе.

ММмммда, стално ја заборавам точка 23. Фала што ме потсети.

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,6258.0.html

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Ти кажав, замисли да беше шлепер, трамвај или па воз  што возеле по прописи од 50-60 км/ч... После цацко е крив и наоѓаме вина во другиот кога поминал некој на црвено. Пијан не возам, на полна линија не претицам и на црвено не поминувам - тоа се моите животни правила.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43706
  • Il Moderatore
Трепкачкото зелено светло на семафориве е само повик да се цапне на гас, за да се стигне поминувањето на зелено. Според мене, многу лош момент на семафорите.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Само на форумов може да се направи дискусија од ништо.