44 годишен неготинчанец заработил тешки повреди во сообраќајна незгода која се случила синоќа околу 20:30 часот на автопатот Гостивар-Тетово во близина на бензинската пумпа „Нептун“.
- С.А.(44) од Неготино се здобил со повреди на главата и телото, а неговото патничко возило „Дачија логан“ со прилепски регистарски таблички целосно изгорело по сообраќајната несреќа што вчера околу 20 часот и 30 минути се случила на автопатот Гостивар-Тетово во близина на бензинската пумпа Нептун, вели портпаролот тетовската полиција, Марјан Јосифовски, пренесува ИА.
Според информациите од тетовската полиција, најпрво пукнала една автомобилска гума па возачот загубил контрола врз возилото кое излетало од патот, се превртело, запалило и многу брзо целосно изгорело. Неготинчанецот успеал да се извлече од возилото и со повреди на главата и телото бил префрлен во тетовската клиничка болница. С.А е во стабилна здравствена состојба.
- По овластување на јавниот обвинител екипа на СВР Тетово извршила увид на местото од несреќата и според првичните информации пожарот во автомобилот го предизвикал монтиран плински уред што при превртувањето експлодирал, истакна Јосифовски.
Црна Хроника
19.02.2014 - 09:17
Нели бе плинските уреди беа беспрекорно безбедни? Сега информацијава е некомплетна пошто не кажуваат дали станува збор за атестиран плински уред или некој диво вграден но мислам дека е некој од атестираните.
Го пишувам ова пошто и јас имам монтирано плински уред а сум со две мали деца па некако ова сега ми ја наежи кожата а да не зборам што често ја возам оваа релација пошто сум од Гостивар.
Можеби плимонт треба да ни пообјаснат убаво околу ваквите ситуации.