Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3033763 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
  • хаУс мајстор
Возам и кола и моторче,и да бидам искрен откако почнав да го возам моторчето,станав повеќе внимателен во управувањето со кола.
Зошто? -Знам што правиме со моторчињата,знам како се буткаме у гужви,несакаме да чекаме,претекнуваме на 2 полни линии доколку створена колона на возила се движи да не речам,пешки да одиш ќе ги поминеш итн итн.....Со кола моментално,кај и да одам,посебно у гужви цело време сум на ретровизори од некаков испад на скутерче,не дека ќе ме удри и направи штета,него кој ќе се трга по судови и такви ствари.НЕ внимаваат поголемиот дел од возачите на мотори (не сите),но исто така и овие со коливе не се поарни,многу пати лично мене ми имаат пресечено пат,а те гледа дека идеш и си улетан (еднаш и ме дигнаа на хауба,па акав по болници),едноставно не те фермаат.Така да како едните,така и другите не се поарни,немаме доволно возачка култура и тоа е тоа.

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Ми се погоди денов денес.

Прво кај Зоолошка се избрзав да ослободам паркинг место за кола со семесјтво со мали дечиња (а пред зоолошка на пладне - катанга). На брзање, го застружив браникот во соседната кола. Среќа, не беше ништо посериозно, повеќе мојата боја откулку неговиот браник.

Подоцна, се враќам со девојче од Скопска Црна Гора вечерва, фантастичен ден.... ни гужви, ни сообраќај (е, да, ама калдрма за кршење камен во бубрег) и застанувам кај неа пред зграда, еден со Акорд речиси да влета во мене, а јас прописно застанат, четири жмигавци and all. Овој свири нешто и си викам, ај ќе се преместам, ваљда му блокирам паркинг место или нешто...

Излегува типов и почнува да јаде трици, а го гледам-едвај стои на нозе, пијан-мортус... се обидувам да се објаснам пристојно, овој пцуе нешто, излегол од кола, ќе ме тепал, ќе ме фрлел во Прилеп сосе кола (прилепски ми се таблиците).

Го испратив со поглед девојчето до влез и широко заобиколување...

All in all...

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Кулирај, не се замарај. Не налетал на некоја громада изгледа тој пијаниот, одма ќе се отрезнел.

Чеееј да видиш како ни е на нас скопјаните,кога бркаме путиња у Прилеп ;D ;D

Отсутен acekovac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Вчера на влез во Скопје, некако ми се погодија семафорите и си терам лагано некаде 70-80, свежо излезен од автопат и едно старче со Corsa некаде пред Меркур, дава лев жмигавец и инстантно се префрла во мојата лента и претицува, без ни секунда да потроши да погледне на ретровизор  >:(
Јас да возев 80 тој да возеше најмногу 50...  свирење и кочење... дојдовме до ситуација со три коли во две ленти, јас успав да сопрам некако а стариот си продолжи напред и може и ништо и не примети
спред мене само ABS-от ја спаси работата, да не беше тоа ќе клизнев и ќе го соберев за сите пари
и јас ќе бев крив нормално пошто возев со недозволена брзина, а не ќоравиот старец што нема доволно рефлекси да проверува ретровизор
и после сето тоа фино покажување на прст и дерење од моја страна, во макази не испоминува со ѕверски звук црниот Nissan gtr шо го гледам овие два дена :)
на крај нормално си го собра циганот што на следните семафори проба да ми го замачка џамот  ;D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Кулирај, не се замарај. Не налетал на некоја громада изгледа тој пијаниот, одма ќе се отрезнел.

јас тие многу ги сакам... цело време ќутам и го слушам, климам со глава, не коментирам, не се расправам, али мајка ко ке ми опцуе, е тогаш излагам од кола па работите малку се мењаат.. нај често со извини се завршува, ми се извинува, не ретко и визтики даваат после 2-3 минути да сум м се јавел, ке частел дрн дрн дрн.... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1841
Го чукнав задниот браник синојка во капиштец кај Зебра, малку е изгребан и од едната страна се скршија држачите.
Абе ќе си гризнам од долниов, не ми е криво кога друг ќе ме чукне, зошто знам дека јас сум пазел, он непазел.
Ама сам кога ќе направам глупост, ми иде да вриштам, башка што удрив во стубче кое го видов претходно.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Шо ауто имаше сеа ти? Аурис?

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
aaaa gde su parking senzori  ;D ;D ;D ;D  ;)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Хахахаха мачката хахахахаха. Изглеа од задно седиште летна напред хахахаха

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1841
Шо ауто имаше сеа ти? Аурис?
Да Аурис

aaaa gde su parking senzori  ;D ;D ;D ;D  ;)

Абе имам паркинг сензори, ама да знаеш и колку гласно радио имам :) башка и кога ќе ти се погоди песната.

Како ме има спотерано баксуз, пред две недели во Маврово исто го закачив задниот браник во камен кој беше потрупан со снег, сега пак, налет.

Отсутен Bardako

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 212
абе си купил кола со паркинг сензори за да се спасиш од вакви ступчиња и камења да не ги удриш ... ти пак си заебал работа ;D па неслушај толку гласна музика чоооек :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855