По мене, најдобро би било на одредени булевари да се намали ограничувањето на 50, а на други да се зголеми на 70, дури и би отишол до таму што на некои булевари би имало различно ограничување на одредени делници, на пример на Јане Сандански од мекдоналдс до веро ограничувањето да е 40, на цела партизанска ограничување 60, а кај цити мол и зегин 40, на булевар србија би ставил ограничување од 80, затоа што долж целиот булевар има само еден пешачки премин кој не е регулиран со семафор и има само 2 или 3 приклучни патчиња кои што излагаат од нефрекфентни паркинзи. Исто и на Словенија би лупнал знак 80. Поентата ми е онаму каде што има не само приклучни улички, туку и голема фрекфенција на пешаци и пешачки премни без семафор, ограничувањето да не биде поголемо од 50, од друга страна на булевари како србија и словенија на пример да има поголемо ограничување. Јас лично, горе-доле со оваа брзина која што ја напишав погоре, возам на тие делници.