Јас неможам да го сфатам сериозно видеото поради Benny Hill музиката во позадина
...а патем и неможам да разберам некој толку да се залага само за еден бренд и да тврди дека е нај-по-доброто нешто на нај-цел свет, па и дека моделите од пред 20 години се направени совршени и толку, нема конкуренција во никој аспект. Мислам дека се е ова поради Мехатроника како закоравен Volvo фан

П.С. Да не настане инцидент, немам ништо против Volvo, напротив ги почитувам, само едноставно не мислам дека секој нивни модел е најдобар во секој поглед во споредба со билошто друго.
ај те молам за потцртаните и болдираните делови да посочиш доказ... дај извади линк нешто од форумов, квотирај мој текст, ДОКАЖИ те молам кога, каде и како јас сум го рекол ова?
Па искрено не сум толку трудољубив, уште помалку па за некорисни работи. Ај да речеме дека еве немам цитати и остали ствари, али едноставно таков е впечатокот кој го оставаш. Во повеќе наврати се збори за тоа колку е цврсто волвото, колку тоа нетроши, колку е најнапредно со технологија, колку они имаат измислено се а другите ископирале итн итн (исто ко да го слушам Самоил пред десетина години). Дури и еве тука е муабетот дека видео на кое волво удира кули и ги прај лом и уште тера е ок (и патем има музика од Бени Хил), али видео кајшто волво се витка од рено е платена намештаљка (и нема музика). Еве јас на пример возам Форд Фиеста и мене ми е супер колата, али не отворив тема "Ford - искуства, мислења, знаења..." иако има многу повеќе поранешни или сегашни сопственици на Форд кои реално и ке има што повеќе да споделат. Колку Волвовци има на форумов? (да не ме сфатиш погрешно, немам ништо против темата).
И...кога сме веќе и на муабетот цврстина, пред 13-14 години татко ми имаше незгода со 101 (генерација '84). Колата беше купус (уличната светилка помина со полесни повреди), едвај го имаа извадено човекот. Татко ми се освести во болница после саат време со модрица на градите од воланот (кој беше цел искривен) и ништо повеќе. Ни набиено ни скршено ни ништо. Е сеа, судејки според горната логиката јас треба да тврдам дека Застава 101 е најбезбедно возило!!! Втората варијанта е да тврдам дека татко ми е Супермен, само ни глуми лудило по дома

Не Сакам да бидам погрешно сватен, јас стварно го почитувам брендот и камо среќа еден ден да си купам некој нивни модел, само зборам за култот околу него.