Вчера при случаен разговор во кафич дознав дека пред 7-8 дена некој ми ја закачил малку колата во задниот браник на лева страна. Е сега, незнам дали благодарение на добрите браници на ауди за кој во описот на колата кога ја купував пишуваше појачани, дали на третманот од ТЕ-ЕН, на колата има неколку претерано плитки минијатурни гребаници за кој морав да се веднам и да светам со фенер да ги видам, значи нема скоро никакви последици. Кога ми кажаа дури приметив, се веднев се штурев таму

Но поентата е што дечкото што ми ја закачил колата, при неговите обиди за паркирање закачил и колата што му била напред и при тоа го гледале 2ца и не ни испаднал да види што штета направил и дали направил. Дечките што го виделе како го прави ова ја запишале таблицата и вчера ми ја кажаа.
Ме интересира како би постапиле вие? Јас сум денеска на ум да отидам до полиција само да прашам на кој е таа кола и да го побарам лично човекот. Не планирам да барам пари ни ништо од него, зошто нема што да поправам и правам, но мерак ми е да го подсетам колку би можел да плаќа ако продолжи така. Верувам дека често прави така човекот зошто само при тој обид настрадале 2 коли, мојата и уште една, а местото каде што се случило сето ова е место каде што доста често ја оставам колата.
Успат благодарност до ТЕ ЕН и до Ауди
