Falanga, можеш да загинеш на 50 км/х исто како што можеш и на 100 кмх. Реалноста е дека во 2011-та година не се валидни истите правила и услови на возење што биле валидни пред 30 години. Денес имаме помодерни коли, со драстично подобра безбедност, со едно чудо системи кои се тука за да ти помогнат да преживееш.
Една од најосновите работи е дека денес имаме драстично подобри кочници на нашите коли, него што имале нашите родители пред 30 години. Да не праиме муабет за крампл зони, ербегови, паметни каиши, итн итн. Ако на просечна кола пред 30 години и требало 100 метри да закочи од 100 км/х (измислувам), денес и требаат 50 (пак измислувам).
И видеово нема врска. Човекот да возел 80 наместо 100, ќе застанел на време, ќе му помогнел на тој у пикапчето да смени гума, па двајцата ќе седнеа на по едно Скопско.
Никој тука не вика дека треба да се лета по автопат - едноставно, мнозинството мисли дека ограничувањето од 120 на автопат е глупаво и застарено добри 15 години.
И за низ град, за некои работи се слагам со Дени. Не е логично и на булевар Словенија, и кај мене во уличка да е дозволено 60, ама дозволено е. Дали тоа значи дека јас кај мене во уличка ќе возам 60? Не. Дали значи дека ќе возам 60 на булевар Словенија? Ретко. Сум ќарил казна, сум си ја платил, идемо даље. Безбедноста зависи од многу, многу фактори, а брзината е само еден од нив (contrary to what the government would have you believe).
Рецимо, на многу места во Англија каде што ставија спид камери, се намали просечната брзина на движење на тие патишта (и се зголеми наплатата на казни, али тоа е друг муабет), а се зголеми бројот на сообраќајни несреќи, повредени и загинати. Зошто? Многу едноставно - затоа што луѓето повеќе внимание обрнуваат да не возат 61 километар на саат, наместо да гледаат во патот пред нив. Има многу работи кои се нелогични во законите, но тука се, и што можеме да правиме. Не разбирам зошто во некои земји е забрането зборење на телефон во кола (со hands-free)? Тоа е како да забраниш да правите муабет со сопатникот во кола.
Итн итн итн.