Фаланга друже...џабе се расправаш, овој пат мислам дека не си баш сосем во право.
Треба да се пази нормално ама неубавите работи се случуваат неочекувано и наеднаш.
Не можеш да речам јас возам прописно и затоа ќе си возам безбедно цел живот а тие шо летаат ќе гинат.
Не си сам во сообраќајот нели има и други учесници, нив не можеш да ги контролираш, можеш само да ги посматраш и ако си присебен и со прилагодена брзина, можеби, значи можеби ќе успееш да ги избегнеш во случај да доаѓаат на кај тебе.
Еве ти го примерот...!
Другар мој од детство кога почнав да работам таму каде што сум сега и почнав да одам за АФГ...ми рече во една прилика :
Абе шо си играш бајрам со паметот, таму нели е опасно, ќе загинеш будало една за пусти пари?
Сегде е опасно му реков јас, и на улица цреп може да ти падне од тераса и да загинеш ко последна будала.
Беше најпримерниот возач што некогаш го познавам и возеше солидна кола (Вектра од 2000 година) па наредната година од кога го правевме муабетот, загина во сообраќајка кога морал да излезе од патот поради тоа што возач на камион кој заспал се упатил на кај него. Брзината му била прилагодена, според извештаите не возел повеќе од 70 км на час (80 е дозволено таму) но од страна кога ќе излезеш на банкина е удолница и има канал, па паднал од патот право во каналот и загина.
Така да нема правило, да не чува господ викаат старите а и ние да си се чуваме. Тоа е!