Искуство број 1:
Чекам зелено на семафор. Мојата кола не е во движење. Од позади ме удира Ровер 620 со прилично голема брзина. Мојата кола (Југо 45) од ударот оди напред, удира во Мерцедес W124 и го избуткува напред добри 2-3 метри. Седиштата се скршија наназад од задниот удар, па после отидовме напред јас и совозачот од ударот во Мерцедесот. Осетив како ме задржа каишот да не отидам напред и да се опнам со глава во волан/шофершајбна.
Искуство број 2:
Се движам (во Фиат Чинквеченто) по улицата која оди од Илинденска кон Партизанска покрај факултетите. Таа улица има предност во однос на споредните улички. Се движам со брзина од околу 50 километри на час, во 2 и кусур сабајле, трезен као судија. Од споредна уличка излегува таксист во Фиат Уно, прилично добро залетан и колку што памтам без светла (или со многу слаби светла, нејсе, небитно). Закочив, не успеав да докочам, удрив во Уно-то. Уно-то иако беше удрено од страна продолжи да се движи праволиниски и удри во дрво на другата страна на улицата. Мене освен мала потресеност не ми беше ништо. Таксистот пољуби шофершајбна со чело кога се плесна во дрвото, пошто нели низ град нема потреба од појас.