Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3887116 пати)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Не е само тој шо те разбрал, ама не сите земале учество...

Според мене, да се збори вака или онака за чоек што починал, или за менталната развиеност на истиот или неговите родители, БЕЗ РАЗЛИКА кој дали и колку е крив и што како требало или не требало да се направи, е на исто ниво на безобѕирност како да викнеш на џогирање човек на кој што му ја ампутирале ногата.

Сите знаат да делат памет тука, а ретко кој пробува да се стави во кожата на оној за кој се дели паметот.

Нека почива во мир.


Јас не спомнав нечива конкретна ментална состојба. Јас прашав како никому не му е јасно та што го пиша класниот. А тоа е чуството за пследица кое кај секој 18/19 годишњак скоро па го нема. Со самото сознание е опасно да вози било која кола а не со 500 кс. А за родителите исто пишав дека не ни сакам воопшто да кометирам а не па а се ставам на негово место.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Тоа и коли со 500 коња не треба да се пуштаат во градски сообракај, туку тоа се спортски коли и треба на стаза за тркање да се возат, а не во град каде што од најмладо до настаро учествува во сообракајот, било тоа да е пешки, со свое возило, такси, ЈСП.
Камиони и машинерија немаат по 500 коња, колите морало толку да имаат пошто не оделе бре бре.

Апсолутно не. Мое право е каква кола и со колку коња ќе возам. Нормално додека истата ја воза по пропис, не гледам никаква причина за забрана.

истата ќе ја возиш по прописи?!
60 во град?! 120 на автопат?!
кога некој било кој на светов со кола од 500 кс ке вози макс 60 во град, ја ќе го частам уште една таква.

јас се слагам со мислењето на Filomkd

исто потполно се слагам со констатацијата на Deni


Исто како што ја возам сегашнава по прописи ;)
Норвешка има доста бесни аутца. Изгуглај да видиш како си ги возат. Нормално имаат каде и да ги испукаат.
Ама норвежанецот кога ќе се роди од јасли го учат што е култура и почитување. Што е закон и ред.
Кај нас од кога ќе се родиш ќе ти бапнат цигара во рака за да те сликаат и да ти се смеат на сликата и ќе ти мацкаат прсте во ракија за да им бидеш смешен кога ќе правиш кисели фаци. И кога ќе излезеш да возиш првото што ти паѓа на памет не е ограничувањето во сообраќајот, туку „ Ае бе па другите да не пазат случајно“.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34464
  • Таков е животот... јебига
Според мене, да се збори вака или онака за чоек што починал, или за менталната развиеност на истиот или неговите родители, БЕЗ РАЗЛИКА кој дали и колку е крив и што како требало или не требало да се направи, е на исто ниво на безобѕирност како да викнеш на џогирање човек на кој што му ја ампутирале ногата.

Се согласувам со колегата штрумф.

With all due respect не се сложувам со вас двајцата.

Ако не дискутираме за околностите при несреќата, муабетот би се свел на „јебига, лесна му земја“, односно „после ебење нема каење“, а не треба да биде така. Баш бидејќи загинало дете треба да се утврди причината, за да се сносат последици. Да, родителите ќе ги си сносат последиците цел живот - изгубиле син на крају краева, ама ние можеме комотно да напраиме муабет и секој да си го каже мислењето.

Баш така. Ние не дисутираме конкретно за детето и татко му. Зборуваме за случајот. Нив нека им е лесна земјата и лесна совеста, тоа што се случило е нивно. Ние дискутираме хипотетички за случајот и тоа така треба да биде. Секоја сообраќајка ако добро се проанализира може да послужи да се научи нешто повеќе и да се стекне искуство.


Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Значи со размишљањава за детето со ГТР-от... детска работа. Кој и да бил, каков и да бил - дете е што е сега мртво и нечиви срца се скршени заради тоа. И ја да можам на Бубе ќе му купам М5-ка, значи не му мислам добро? И ја сум правел 300000 глупости, ама затоа и сега го воспитувам и му укажувам да не ги повторува моите грешки. Секој сака да си поигра малку со машината, па и дедовци на 70 год. Меракот е мерак за нешто од мали нозе, а зрелоста за искористување на максимумот од истиот е релативна работа и зависи од многу фактори. Не знаеме што точно се дешавало, ама нека почива во мир, а на нас да ни биде уште една поука плус дека КОЛАТА Е ОРУЖЈЕ !!! Со неа можеш да убиеш некого, а и самиот себе.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Исто како што ја возам сегашнава по прописи ;)
Норвешка има доста бесни аутца. Изгуглај да видиш како си ги возат. Нормално имаат каде и да ги испукаат.
Ама норвежанецот кога ќе се роди од јасли го учат што е култура и почитување. Што е закон и ред.
Кај нас од кога ќе се родиш ќе ти бапнат цигара во рака за да те сликаат и да ти се смеат на сликата и ќе ти мацкаат прсте во ракија за да им бидеш смешен кога ќе правиш кисели фаци. И кога ќе излезеш да возиш првото што ти паѓа на памет не е ограничувањето во сообраќајот, туку „ Ае бе па другите да не пазат случајно“.

осмица и Члинк, муабетот со ракијата и афионот, како се заспивале деца порано ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Само сега е дијазепам и виски. Принципот е ист. Состојките се сменети.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Helex Дени. Или horse tranquilizer.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10640
  • *** UNDERCOVER ***

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1959
Само незнам гаранцијата што врши работа во случајов...


Се надевам патниците немале посериозни повреди.  :-\

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Ова е Аудито што се удри на Партизанска, колата е сериозно разнесена и мислам дека нема што здраво да се извади од него.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1959
Тоа е. Нешто од ентериерот ќе може да се извади, ама друго, тешко. Багажник, заден браник и држач за таблица може да се искористи од надвор :)


Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2827

Отсутен SirPsyhoSexy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 792
Интересни понуди на хаварисани возила.