Не се слагам дека не би требало да се збори ако некој починал. Човечно е да се збори убаво за тој што починал, ама тука контекстот на муабетот не е за човекот (односно детето) што починал, него како починал, зошто починал и дали тоа можело да се избегне.
Ако не дискутираме за околностите при несреќата, муабетот би се свел на „јебига, лесна му земја“, односно „после ебење нема каење“, а не треба да биде така. Баш бидејќи загинало дете треба да се утврди причината, за да се сносат последици. Да, родителите ќе ги си сносат последиците цел живот - изгубиле син на крају краева, ама ние можеме комотно да напраиме муабет и секој да си го каже мислењето.
Е сега, не сме ние експерти за да можеме да даваме стручно мислење, ама сме луѓе што сакаат коли и што го бранат брзото возење пред оние кои го критикуваат, а богами и знаат нешто повеќе за колите од просечниот весникар/новинар.. Конкретнава несреќа е една (сериозна) последица од брзо возење. Не е дека со 50 коња не може да се напраи беља - може, ама со 500 може многу полесно, без разлика на годините и искуството на возачот. Тоа што во конкретниов случај се работи за дете е уште еден од факторите кои придонеле да се случи тоа што се случило.
Мојот став е следниот - родителите не требале да му дозволат на 19 години да вози кола со 500 коња. Жал ми е за детето, како и за секое друго дете што ќе погине на овој или оној начин. Ама можело да се избегне.
---
Со други зборови - да ја изземеме несреќава од целата ситуација. Да се преправаме како да не се десило, и да дискутираме за следнава работа - Дали треба на 19-годишно дете да му се даде кола со 500 коња?