Пред 1 саат у драчево на мостот едно фиат типо(ваљда) како се имаше фукнато у оградата, среќа што не летнал доле у тоа потокот. Подзастанав да ги прашам дечките дали се добро и дали им треба помош, ми рекоа фала не треба и си продужив. Али типово(ваљда) толку беше здраво лупнато што не ни сум сигурен всушност што кола беше. Незгодна е таа кривина коа идеш према драчево, слична е на онаа кај тобако 2 у аердром, бутка према надвор, само што оваа драчевскава е ем потесна, ем полош асфалт, ем помал агол, ем мост. Епа стварно не знам со кој памет возел толку брзо таму.