Претходната недела кога доаѓав накај Скопје, кај тунелите Росоман...имаше сообраќајка. Малку врнежливо, онака досаден дожд...да пуштиш брисачи еднаш во минута.
Тука и да сакаш повеќе од 50-60км/ч неможиш да возиш, бидејќи е двонасочен патот и кривини + клисура.
Во случајов плус имаше колона од возила заради сообраќајката.
Возев макс 40км/ч преку сила 50 ама не ми се верува... прописно држење растојание од 15 метра при мала брзина.
Колоната застана...и јас нормално си кочам...колата не кочи...
Слушам како почнуваат да гребаат тркалата по асфалтот...а никако да застани...
Пред мене Honda Civic златна со SK таблици...а јас залетан од назад

Добро е што не паничам...кренав и рачна и почнав да ја одбегнувам Honda-та на време да не ја закачам од назад. Само што кренав рачна...се вкопав.
После тоа видов дека имало течено масло од сообраќајката бидејќи еден камион (шлепер тешкаш) се закачи во друга кола Renault Megane караван...и ја влечеше едно 20 метра.
Масло+вода...страшна комбинација. И тоа гумите ми се одлични...со одлична шара и зимски...
Упм..