Синоќа ме мрзеше да пишувам тука, но ке ме треснеше бело бмв, се загледал дечкото некаде, не знам кај гледаше, па кога почнав да свирам и блендирам, се освести, зашто полека но сигурно поминуваше на моја трака ...
Нозете ми се пресекоа јбг, страв бре ...
Но ете, другарче мое на враќање од Штип. пред Св.Николе некаде, пред малку се спукал со некоја пезетка ...
Кој поминал тука, сигурно и ја има видено сообраќајката...
Си возел во своја лента, а пезетка пази се тркала со уште една кола, познаници, газ пијани ...
Успеал да сврти во последен момент, за да избегне фронтален судир, и овој со пезетка го кокнал странично ....
Од ударот пукнале 3 гуми, левата страна партал, десната исто така оти удрил во банкина кога свртел десно за да го избегне директниот судир кој којзнае како би завршил ...
И тој и неговиот совозач се добро, во Штип во болница се, утре излегуваат, шоферот со гради удрил во воланот, совозачот со мала среќа и носење појас, полесно поминал ...
Дечкото со пезетката издувал 1.75 ... Затвор ...