На сите досега што сум ги сретнал, ЛПГ им било за економија... Ден денес не сум чул некој да ми рече дека за екологија ставил ЛПГ уред. Па макар и за Хамер.
тоа затоа што во македонија си сретнал или на балканов... малку подалеку, оттаде барата на плин се вози заради екологија на прво место...
еве како во нов зеланд се вози на плин... имам кола од 2000 кубика... идам кај овластениот за монтажа на плин за таа населба кај што сум (кај нив сите се овластени... нема кај пеце у гаража одзади што се влага...) и му викам сакам плин да турам... он вика нема проблем, дај податоци, му давам, и ми вика терај дома ке ви се јавиме... за некој ден ми се јавува, идам кај него, ми го вади решењето и одобрувањето ОД ДРЖАВАТА дека може да се тури плин на колата, се потпишувам, ја оставам колата и си идам... другиот ден идам да ја земам колата, наместена тестирана и атестирана со налепница на двете стакла дека е на ЛПГ ова возило. прашувам колку треба да платам, он ми вика 15 долари, потоно само за плинот во боцата што е ставен... да друштво, владата во НЗ финансира бесплатно турање и монтажа на плински уреди на сите возила ВО ИМЕ НА ЕКОЛОГИЈАТА... ама комплетно бесплатно. вклучувајки и атест, пошто уствари тој што ти го монтира тој има сертификат за да атестира... колку едноставно решено... а не кај нас да се убиеш од трчање по документи те технички те машински, те технички пак те мвр еднаш те вторпат мвр... цел ден на тоа да изгубиш... значи како што реков екологија на прво место, а башка и економија доаѓа до убав израз... ја возев нисан блубрд... 2000 кубика и ми трошеше 8-9 бензин... плин не турив... туриста бев по документи, а такви државата не финансира...
поентата ми беше дека во сервизот кај типот се изнагледав коли и коли направени (сликано секако) на плин, во име на екологијата... имаше и ферари, имаше и ламбо, имаше и хамери имаше ама баш се... тој што во нз вози ферари, нема проблем од аспект на потрошња да тура бензин колку и душа сака на колата... тое ми е поентата...