Еве јас како сопственик на (мал) џип морам да се согласам со горенаведеното, голем дел од нашиот народ а купил џип мисли дека ги поседува сите патишта, тротоари и улици...Има такви бараби и со мали коли ама овие со џипови се убиј боже.
Ако ви кажам дека 99.99% од возењето на автопат ми е 110/120 БАШ поради тоа што возам поголема кола која е сосема различна и многу послаба кога станува збор за застанување, кочење, вртење...Едноставно физиката е поинаква, има повисока точка на гравитација и НЕМА ИГРАЊЕ со било кој џип.
Не знам за конкретниов случај, ама и обична мала кола може да преврти автобус ако има доволно линеарен моментум а тоа не треба многу...
Филозофијата на џип е сосема поинаква него што ја сфатил нашиот прост богат народ... Ама тоа е тоа...