Според мене грижата и одговорноста за безбедноста на туристите треба да ја сносат концесионерите на плажите. Секоја плажа треба да има обележано место за бањање во која зона не смее да влезе скутерџија. Исто така треба да си ги регулираат скутерџиите кој полетуваат од нивните плажи. Чим наплаќаат влез, лежалка или слично мора да сносат и одговорност. Исто така секоја плажа мора да има спасувачка единица во број според големината и посетеноста на плажата притоа применувајќи ги светските стандарди. По чему некој да ми забрани да возам скутер на вода или да ми го ограничува времето кога можам тоа да го правам. Од друга страна па по чему некој туриста да се плаши од скутерџија ко од ајкула. Најлесно е да забраниш нешто, треба да се осмисли како тоа може да функционира.