Проблемот е што (барем во Скопје), со возење такси почна да се занимава секој што останал без работа. Иако можам да ги разберам луѓето - се борат за живот, сепак на Скопје не му е потребна толку голема бројка на таксисти. А ако земеме во предвид дека се испоотворија еден куп големи такси компании, ситуацијата е уште покомплицирана.
Сепак, ако се случи некој од нормалните компании (читај Наше Такси, Лотус, итн) да направи некоја глупост, слободно можете да се јавите во централа и да пријавите. Воглавно од тие компании не праат екскурзии, но ми се случило, и сум пријавил.
Е сеа.. Решението за Скопје е да има стриктно одреден број на дозволени таксисти, и лиценцата да кошта многу пари, а полицијата немилосрдно да казнува и да исклучува од сообраќај при било каква нерегуларност. Колку за споредба, лиценца за возење такси во Грција кошта некои си 30.000 еура. Не викам дека треба и кај нас толку да кошта, ама треба да има некој ред. Не може такси да вози 20 години старо ауто. Крај. Не може. Ризично е, небезбедно е, загадува, итн.
Плус, би направил како во секоја нормална земја (знам, знам, не сме нормална земја), ама да мора таксист на секои две години да преполага возачки (правила, прописи, прва помош), технички преглед на такси возило да се прави на секои 6 месеци, лиценцата да кошта многу пари, итн.. Мора да се воведе ред. А не да се вртам низ град да барам паркинг пола саат, затоа што на секој паркинг се наредиле по 20 таксисти, и дремат. Да не праиме муабет дека таксистите дриблаат околу цените - а, у, поскапело горивото, сироти ние, немаме за живот - а 99% од нив возат или на (лошо монтиран и усмрден) плин, или на црвена нафта.
Секоја чест на исклучоците, има и луѓе кои еснафски си ја вршат работата, и на човек да му е мерак да влезе кај нив во кола.. Ама ич не сакам коа ќе влезам во такси и ќе почне шоферот да ми објаснува за тоа колку овие или оние биле педери, и да ми раскажува животна прича.. А не ретко ми се случило да влезам во такси, унутра љушти Цеца или некоја друга балканско-регионална певаљка, корне на плин, а фраеров тегне цигарче кое му виси на долната усна..
Воопшто не е оправдување фактот дека се во сообраќај по цел ден. Тоа им е работа.