Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3415096 пати)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Не бе, не ме разбра... лошо е коа читаш, неможеш со букви убаво да се изразиш...

Реков, дека да да, дека човекот излета низ врата, ама и дека нешто друго летна кроз шофершајбна...

Аха, добро е бар се разбравме, а и јас неможам да приметам што летна кроз шофершајбната а 30 пати го гледав клипот. Да не е некој друг патник?

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Не бе, не ме разбра... лошо е коа читаш, неможеш со букви убаво да се изразиш...

Реков, дека да да, дека човекот излета низ врата, ама и дека нешто друго летна кроз шофершајбна...

Аха, добро е бар се разбравме, а и јас неможам да приметам што летна кроз шофершајбната а 30 пати го гледав клипот. Да не е некој друг патник?

Неам поим... битно нешто и низ шофершајбна лета

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Tipot na 3:08 e maher i tipot na 5:00
« Последно менување: 11 Мај 2011, 14:20:54 pm Falanga »

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
на  8.00 ситуација кај што есп-то се исплаќа цело.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
А бе заебано е на замрзнато ...

Отсутен BokiCactusic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3825
  • Боинг 747
Eve edna moja desavka za sreka hondicata mi ostana citava. Se sluci 13.05.2011 okolu 23.45 (baksuz den definitivno)

Si vozam po Bul. Partizanska pokraj soborna za da svrtam levo za nakaj vlada koga od levata lenta direktiva pred nos taksista mi sece pat za da si prodolzi kon Beko (se razbira mez daden zmigavec). Otidov vo trotoarot od desnata strana. Neznam kako se vozdrzav da ne go brkam ama si vikam ke go lezam badijala neka krsi glava nepismen coek.

Neznam za drugite ama Taksistive vo nasevo Skopje uzasno mi odat na nerviiii.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30069
    • CARclub.mk
Скоро за секој таксист важи дека таксист не е занимање, него дијагноза.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Скоро за секој таксист важи дека таксист не е занимање, него дијагноза.
;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D true....true....

Отсутен BokiCactusic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3825
  • Боинг 747
toa ti se vika neverojatna rabota:):):)

jas gi krstiv KAMIKAZI:)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Секаде се такви таксистите...можеби некое оправдување е тоа што се секој ден нон стоп во кола,во гужва,но сепак мора да внимаваат,пошо многу лесно можи да се случи несакан инцидент....
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30069
    • CARclub.mk
Проблемот е што (барем во Скопје), со возење такси почна да се занимава секој што останал без работа. Иако можам да ги разберам луѓето - се борат за живот, сепак на Скопје не му е потребна толку голема бројка на таксисти. А ако земеме во предвид дека се испоотворија еден куп големи такси компании, ситуацијата е уште покомплицирана.

Сепак, ако се случи некој од нормалните компании (читај Наше Такси, Лотус, итн) да направи некоја глупост, слободно можете да се јавите во централа и да пријавите. Воглавно од тие компании не праат екскурзии, но ми се случило, и сум пријавил.

Е сеа.. Решението за Скопје е да има стриктно одреден број на дозволени таксисти, и лиценцата да кошта многу пари, а полицијата немилосрдно да казнува и да исклучува од сообраќај при било каква нерегуларност. Колку за споредба, лиценца за возење такси во Грција кошта некои си 30.000 еура. Не викам дека треба и кај нас толку да кошта, ама треба да има некој ред. Не може такси да вози 20 години старо ауто. Крај. Не може. Ризично е, небезбедно е, загадува, итн.

Плус, би направил како во секоја нормална земја (знам, знам, не сме нормална земја), ама да мора таксист на секои две години да преполага возачки (правила, прописи, прва помош), технички преглед на такси возило да се прави на секои 6 месеци, лиценцата да кошта многу пари, итн.. Мора да се воведе ред. А не да се вртам низ град да барам паркинг пола саат, затоа што на секој паркинг се наредиле по 20 таксисти, и дремат. Да не праиме муабет дека таксистите дриблаат околу цените - а, у, поскапело горивото, сироти ние, немаме за живот - а 99% од нив возат или на (лошо монтиран и усмрден) плин, или на црвена нафта.

Секоја чест на исклучоците, има и луѓе кои еснафски си ја вршат работата, и на човек да му е мерак да влезе кај нив во кола.. Ама ич не сакам коа ќе влезам во такси и ќе почне шоферот да ми објаснува за тоа колку овие или оние биле педери, и да ми раскажува животна прича.. А не ретко ми се случило да влезам во такси, унутра љушти Цеца или некоја друга балканско-регионална певаљка, корне на плин, а фраеров тегне цигарче кое му виси на долната усна..

Воопшто не е оправдување фактот дека се во сообраќај по цел ден. Тоа им е работа.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"

целосно се согласувам со постов. еве кај мене на пример у ново лисиче има такси постројка позади зграда. паркингот за бројот на возилата кои ги поседуваат станарите околу е мал и после 9-10 навечер си ја кажуваш оче наш по пат за да најдеш место на паркинг. и на сета таа мука на посторјката обележана за 5-6 возила има паркирано 15 и треба секој пат да ги молам да искочат од местото да се паркирам па нек ме затворат, некат се и безобразни па морам на 5 минути пешки од дома да се паркирам ќе мисли некој колата си ја кријам. друга работа застанувањето кај ќе им прдне, страшно ме иритира ќе им каже патникот тука и он мора да пресече наголо да закочи и да застане. застануваат на семафор да истоварат, а зелено е, застануваат кај знаци забрането запирање паркирање, застануваат на кривина блокираат значи ко за нив да не важат правилата во сообраќајот, со еден збор безобразно возат. за возилата да не праам муабет, се имаше случено девојчиња си се враќале од град и се качиле у некоја кртнија стара и се лупна. девојчињава биле со повреди и скршеници. одамна сум сакал да го напишам ова и тоа што ти го наведе, затоа што секој ден идев од 1ва до 3та година и у 4та коа не идев со кола, со такси 4ица другари си бевме и какви се не ситуации ни се имаа дешавано. во врска со лиценците да бидат скапи не мора да бидат скапи, али барем нека има стандард во врска со колите кои можат да бидат такси, не може бе со спарк или тико да ми вози такси. да мора да има минимум 4ри воздушни перничиња, да има потпирачи за глава на сите седишта, да има клима, да има минимум 4ри ѕвезди на еуро нкап и 2-3 пати годишно да праат технички и такситите да одат на ПСИХО-физички тестови најмалце еднаш годишно. премногу е лоша состојбата со јавниот превоз, еве автобускиот почна да се средува, па редно е и таксистите да ги средат

едит: страшно ме нервира кога таксистот пуши цигара, кога е премногу гласна музиката(било каква музика, а особено турбофолк), кога зимно време е претопло у кола зашто таксистот се соблекол по кратки а ја у јакна се потам и надвор коа ќе искочам ми студи, исто и кога ме шиба промаја зашто таксистот е по џемпер и му е топло и кога ќе почне да замара и да ми збори цел пат
« Последно менување: 14 Мај 2011, 21:35:33 pm Kimi R »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30069
    • CARclub.mk
Тоа со застанувањето кај ќе им текне неколку пати ме има донесено до пцуење по улици.. Еднаш по партизанска возам, и на времето кај што е сеа Вегера, имаше у прва лента коли испопаркирани.. У втора лента тера дупли автобус, у трета лента пред мене таксист, јас, а позади мене Пежо 607 на Тетовски таблици..

И го проаѓаме автобусот, возиме можда 60-70.. Одеднаш таксистот нагло кочи, да се врати позади автобусот и да истовари патник.. Јас кочам нагло да не го опнам, успеав да закочам, а позади мене тетовецот беше изглеа прописно залетан, и не успеа да закочи, па фин човекот, да не ме опаша мене, отиде лево во ограда. Таксистов застанува во скроз лева лента на Партизанска, го пропушта автобусот и оди во прва лента да остави патник. Ја отворив прозори, почнав да пцујам, да ебавам мајки-шајки, а тетоецот ни две ни три, излезе од кола, пројде на другата страна, го извади таксистот од прозор и му врза два-три шамара.. Заслужено.

Затоа викам, полициска контрола, лиценци, итн итн, и за најмала работа, да се одзема лиценцата. А за да се добие лиценцата, не треба само пари да се дадат - треба и да се знае градот. Во скоро секој град за да се добие лиценца за возило се плаќа пари, а за да се добие лиценца за таксист се полага испит со улици, итн.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
абе сеа со новиве автобуси, коа ќе се смени комплетно целиот возен парк на јсп, многу повеќе луѓе ќе користат автобус и автоматски ќе се намали гужва, ќе се намали потреба од такси и мислам дека би се подрасчистил градов од таксисти.