Извадок од кривичен законик на Македонија, Член 152, став 1
Тој што неовластен ќе направи фотографски, филмси или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Сакаш да кажеш дека со зборовите „Не снимај, тргни ја камерата“ тој од градски паркинг се согласува да биде снимен??!?

Освен полиција, НИКОЈ друг не смее да ме снима без мое знаење и без моја согласност!!!
За да се пуштат мои снимки во промет единствно може само со моја дозвола! Полиција може да ги употреби снимките за водење на судски процес на суд САМО доколку постои кривично дело!!! Токму затоа, снимките од камерите на суд се невалидни за прекршочни дела, а се валидни САМО за кривични дела!
Прва работа, тој што снима, го снима само типот со ланчијата и тоа со негова согласност,
Не е точно, не го снима само говедото со ланчијата го снима и дебилот од градски паркинг!
втора работа снимателот не ја повредува приватноста на дебилот од градски паркинг
Не е точно! Поркај тоа што го снимил, снимките ги пуштил во промет! Откривање на идентитетот на работникот, неговото работно место, неговата локација во одредено време, неговата гардероба и расположение во тој момент, и секој еден податок кој може да се открие од направените снимки се повреда на приватноста и прекршување на законите!
и трета работа ако е не законски снимање на јавни места, тогаш сите камери по семафорите треба одма да се тргнат
Како што веќе одговорив, единствено полиција може да те снима. Тоа право е регулирано во законот за Полиција!
А за тој од градски паркинг што го присилува да не снима важи следниов извадок од истиот законик, член 139 став 1
Тој што со сила или сериозна закан ќе присили друг да стори или да не стори или да трпи нешто, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Можда, ама сељакот кој снима прв почнува со дејството присилно снимање. Првин е предупреден со збор, а откако сељакот кој снима продолжува со снимање, снимениот само се брани тргајќи му ја камерата. 100% сум сигурен дека вакво обвинение паѓа на прво рочиште.
Во врска со паркирањето на тротоар. Да, точно дека не е во ред ама на тој тротоар пред веро се паркира од кога знам за себе и затоа градски паркинг си икосристија можност и си наплаќаат, истиот случај е и на ленинова.
Не знам за Аеродром ама за Ленинова, на која живеев до Нова Година, знам дека паркирањето е сосема законски бидејќи има простор за тоа, т.е. постои законски пропишан појас од 1.6 метри за движење на пешаци зад паркираните возила. Тоа што говеда како ова говедово со ланчијава паркираат и на пешачкиот појас е друг проблем, а полицијата е недоговорна што не ја казнува таквата стока! Немаш претстава колку ме вадеа од такт, поготово кога ќе ми паркира буквално пред влез на куќа и неможам да излезам јас сам, камо ли со количка со дете и други ствари.
И друга работа, на што личи бе у аердром да плаќам 35 денари за паркинг(10 денари ради пораки), ќе се растеретел паркингот, тоа го збореа кога воведуваа зонско, како бе жити се ќе се растерети коа капацитетот е тој, со тоа што ќе наплаќаш нема да го зголемиш просоторот туку џебот. Згора на се, не е центар тоа па да не можат луѓево да си се паркираат, да точно е дека кај бисер и кај веро има повеќе коли ради луѓето што пазаруваат или идат на кафе, ама ете им катна гаража, зашто ја градеа гаражата, празна седи, 5 коли дали им влагаат дневно. Си нашле па си зашле цел аердром го направија зонско, а градски паркинг работи со загуба.
Се согласувам, на ништо не личи тоа. Треба да има пониски цени за паркирање согласно нашиот стандард во местата кои не се централно градско подрачје и не се бизнис-центри.
Да се надополнам во врска со паркирање на тротоар, ако на тротоарот има место и оставиш простор од метро или две не знам сега колку точно метри, смееш да се паркираш.
Јас ко што гледам нема толкав простор во внатрешната страна.