Извадок од кривичен законик на Македонија, Член 152, став 1
Тој што неовластен ќе направи фотографски, филмси или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Прва работа, тој што снима, го снима само типот со ланчијата и тоа со негова согласност, втора работа снимателот не ја повредува приватноста на дебилот од градски паркинг и трета работа ако е не законски снимање на јавни места, тогаш сите камери по семафорите треба одма да се тргнат

А за тој од градски паркинг што го присилува да не снима важи следниов извадок од истиот законик, член 139 став 1
Тој што со сила или сериозна закан ќе присили друг да стори или да не стори или да трпи нешто, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Доклку вработениот од градски паркинг отиде на суд ќе изгуби.
Во врска со паркирањето на тротоар. Да, точно дека не е во ред ама на тој тротоар пред веро се паркира од кога знам за себе и затоа градски паркинг си икосристија можност и си наплаќаат, истиот случај е и на ленинова. И друга работа, на што личи бе у аердром да плаќам 35 денари за паркинг(10 денари ради пораки), ќе се растеретел паркингот, тоа го збореа кога воведуваа зонско, како бе жити се ќе се растерети коа капацитетот е тој, со тоа што ќе наплаќаш нема да го зголемиш просоторот туку џебот. Згора на се, не е центар тоа па да не можат луѓево да си се паркираат, да точно е дека кај бисер и кај веро има повеќе коли ради луѓето што пазаруваат или идат на кафе, ама ете им катна гаража, зашто ја градеа гаражата, празна седи, 5 коли дали им влагаат дневно. Си нашле па си зашле цел аердром го направија зонско, а градски паркинг работи со загуба. Да се надополнам во врска со паркирање на тротоар, ако на тротоарот има место и оставиш простор од метро или две не знам сега колку точно метри, смееш да се паркираш.