Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3865675 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Страшно. Брат на еден колега во Њујорк работел како пожарникар. Ги повикале да расчистат некој неред ради некоја сообраќајка. Значи се превртува колава и се тумба повеќе пати. Во колата имало мало дете. Детето го барале низ маалото не знам колку време и на крај го нашле едвај живо, целото здробено на кров на куќа што се наоѓала во близина. Тогаш немав деца ама се наежив у пичку... Иначе детето за чудо преживеало и сега работи како пожарникар во истата околија.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Abe Gospod si ja znae rabotata

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Извадок од кривичен законик на Македонија, Член 152, став 1
Тој што неовластен ќе направи фотографски, филмси или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Сакаш да кажеш дека со зборовите „Не снимај, тргни ја камерата“ тој од градски паркинг се согласува да биде снимен??!?  ::)
Освен полиција, НИКОЈ друг не смее да ме снима без мое знаење и без моја согласност!!!
За да се пуштат мои снимки во промет единствно може само со моја дозвола! Полиција може да ги употреби снимките за водење на судски процес на суд САМО доколку постои кривично дело!!! Токму затоа, снимките од камерите на суд се невалидни за прекршочни дела, а се валидни САМО за кривични дела!


Цитат
Прва работа, тој што снима, го снима само типот со ланчијата и тоа со негова согласност,
Не е точно, не го снима само говедото со ланчијата го снима и дебилот од градски паркинг!
Цитат
втора работа снимателот не ја повредува приватноста на дебилот од градски паркинг
Не е точно! Поркај тоа што го снимил, снимките ги пуштил во промет! Откривање на идентитетот на работникот, неговото работно место, неговата локација во одредено време, неговата гардероба и расположение во тој момент, и секој еден податок кој може да се открие од направените снимки се повреда на приватноста и прекршување на законите!

Цитат
и трета работа ако е не законски снимање на јавни места, тогаш сите камери по семафорите треба одма да се тргнат ;)
Како што веќе одговорив, единствено полиција може да те снима. Тоа право е регулирано во законот за Полиција!

Цитат
А за тој од градски паркинг што го присилува да не снима важи следниов извадок од истиот законик, член 139 став 1
Тој што со сила или сериозна закан ќе присили друг да стори или да не стори или да трпи нешто, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Можда, ама сељакот кој снима прв почнува со дејството присилно снимање. Првин е предупреден со збор, а откако сељакот кој снима продолжува со снимање, снимениот само се брани тргајќи му ја камерата. 100% сум сигурен дека вакво обвинение паѓа на прво рочиште.

Цитат
Во врска со паркирањето на тротоар. Да, точно дека не е во ред ама на тој тротоар пред веро се паркира од кога знам за себе и затоа градски паркинг си икосристија можност и си наплаќаат, истиот случај е и на ленинова.
Не знам за Аеродром ама за Ленинова, на која живеев  до Нова Година, знам дека паркирањето е сосема законски бидејќи има простор за тоа, т.е. постои законски пропишан појас од 1.6 метри за движење на пешаци зад паркираните возила. Тоа што говеда како ова говедово со ланчијава паркираат и на пешачкиот појас е друг проблем, а полицијата е недоговорна што не ја казнува таквата стока! Немаш претстава колку ме вадеа од такт, поготово кога ќе ми паркира буквално пред влез на куќа и неможам да излезам јас сам, камо ли со количка со дете и други ствари.


Цитат
И друга работа, на што личи бе у аердром да плаќам 35 денари за паркинг(10 денари ради пораки), ќе се растеретел паркингот, тоа го збореа кога воведуваа зонско, како бе жити се ќе се растерети коа капацитетот е тој, со тоа што ќе наплаќаш нема да го зголемиш просоторот туку џебот. Згора на се, не е центар тоа па да не можат луѓево да си се паркираат, да точно е дека кај бисер и кај веро има повеќе коли ради луѓето што пазаруваат или идат на кафе, ама ете им катна гаража, зашто ја градеа гаражата, празна седи, 5 коли дали им влагаат дневно. Си нашле па си зашле цел аердром го направија зонско, а градски паркинг работи со загуба.
Се согласувам, на ништо не личи тоа. Треба да има пониски цени за паркирање согласно нашиот стандард во местата кои не се централно градско подрачје и не се бизнис-центри.


Цитат
Да се надополнам во врска со паркирање на тротоар, ако на тротоарот има место и оставиш простор од метро или две не знам сега колку точно метри, смееш да се паркираш.
Јас ко што гледам нема толкав простор во внатрешната страна.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Не е точно! Поркај тоа што го снимил, снимките ги пуштил во промет! Откривање на идентитетот на работникот, неговото работно место, неговата локација во одредено време, неговата гардероба и расположение во тој момент, и секој еден податок кој може да се открие од направените снимки се повреда на приватноста и прекршување на законите!
Идиотот се наоѓа на јавно место така да приватност тука не постои. Може секој на секој начлин во секое време да го снима и да ги пушти снимките во промет без потреба од негово знаење. Идентитетот на работникот го откриваат неговите лични и матични податоци кои на снимкава не се гледаат. Неговото работно место е исто така јавно а и тој има идентификациска картичка обесено окулу врат. Значи неговиот идентитет не е таен ни приватен туку јавен. Така да тука не постои никакво прекршување на законите.


Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
да бе ... не смееш да го снимаш а он изиграва бог и батина..... Ако вработениот си ја врши работата како што треба тогаш што има да се противи затоа што го снимаат. И да идат на суд ако е прав ке  добие. Ако видеото се објави во медиум тогаш нека тужи. Не е он тој што треба да пресудува.
 Ова го има само јас нас и на балканот. На запад лугето си снимаат слободно, се сликаат со полиција, сликаат во парламенти ........

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Ако видеото се објави во медиум тогаш нека тужи.
Може да иде овен да молзи....

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
1. Смее да се снима.
2. И да несмее, нема што да се сили мороноидот. Тоа се решава на суд, а не на улица со зборовите „прекини да снимаш ООООДМА“. СУДОТ ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ТОЈ СМЕЕЛ ДА СНИМА!!!!!!!!!! А не некој партизан.

Незнам како може ова да не е јасно сеуште.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Незнам како може ова да не е јасно сеуште.
Brainwashing commenced... if ya know what i mean... ;)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15123
  • Пудингот на шоферството
Рано изутрина на автопат кај Неготино,чукнати 2 камиони,не многу лошо.Немав можност да сликам
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Како вака исклиза, изгледа во некое подлабоко вирче нагази со левото тркало.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7791
Прееска квалитетна сообраќајка кај континентал, Пунто акнало Алтеа од позади ...

Алтеата со скршен браник, а Пунтото, со хауба на шофершајбна качена ...

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
A be Puntoto ima slaba limarija. Alteata e sepak VW grupacija :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15123
  • Пудингот на шоферството
Во многу сообраќајки сум забележал да возилата кои удираат одпозади се повеќе оштетени
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Jas so Lada Niva sum aknal nekolku pati ednas Mazda 3, ednas Matiz... Brzinata bese mala skoro 20-30Km/h ama kolite bea sega malce osteteni. Naglo zastanaa pred mene, dva pati mi se desilo.
Inaku Nivata bese Rent - A - Car i sekako Full Kasko. Nemase ostetuvanja. Imase i nekoe zelezo vo branikot kolku sto me drzi pamet. Vo sekoj slucat gazdaricata na Matizot posle udarot si dobi i dzumka na krovot, sto znaci sasijata e ostetena. Ne i priznaa total, ja napravi kolata, smeni tablici i ja prodade vo brzo vreme...

Ama se desava.