Го имам случајот - скршен врат - во фамилијата, не би му посакал такво нешто на никој..
Прво и најосновно е добра имобилизација на вратот. Најдобро е да не се гиба повредениот се до пристигнувањето на соодветна помош. Ако вратот е скршен, секое движење може да предизвика повреда на малиот/рбетниот мозок, во зависност од тоа каде е кршењето. Доколку има Шанцова кравата кај некој од прво дојдените (ова го немаме никој во кола, а треба!), нека ја постави правилно, и нека го остави така повредениот, или со големо внимание и помош од неколку лица, нека го извадат и да го легнат на грб, со нешто под главата. Ако не е при свест, е тогаш се врти настрана (и за тоа има процедура како)