Го убиле гасовите од воздушното перниче
Овој случај, во Велика Британија, отвора нови дилеми кај безбедноста во сообраќајот...
Пред година ипол, извесен Ronald Smith, враќајќи се од работа, учествувал во сообраќајна несреќа, која вклучувала шест автомобили.
Интересно е што тој ја преживеал сообраќајката, со ситни повреди. Починал три недели подоцна, како резултат на вдишување на штетните гасови во воздушното перниче.
Починатиот изјавил дека парче стакло го дупнало воздушното перниче, при што тој вдишил облак од птетни гасови и бел прав.
Да разјасниме – за надувување на воздушните перничиња се користи хемикалија со назив NaN3 во комбинација со калиумов нитрат (KNO3) и силициев диоксид (SiO2).
Возилото кое го поседувал Smith, било Vauxhall Insignia, пандан на Opel Insignia.