Денес ке ме пернеше приколка натоварена со греди ...
Иде од спротива Аскона, гледам со приколка, и на некој 50 метри почнува да скока, ја гледам и од некаде 60-70 почнав да прикочувам и да му блиндирам на шоферот, и неколку секунди подоцна, на некој 15-тина метри, приколката се детачира од колата целосно, се крева нагоре, бидејки мајсторинкиве начисто промашиле час по физика, лекција центар на рамотежа, и право накај мене приколката, среќа застана на некој 5 метри пред мене ...
Да не пратев што се дешава, ке ми влезеа гредите во кола ...
И ај, излегуваат 2-ца чичковци, цели исплашени, излегувам и ја од кола, почна да се блокира више целата уличка, да им помогнам да ја врата приколката на колата назад, и не ми се верува ....
20 луѓе свират зашто е блокиран сообраќајот, а ниту еден не сака да излезе и да помогне, пошто, се намачивме да ја спуштиме рудата до земја, приколката тежински распределена 70% позади, 30 напред ...
И викнав еден постар албанец кој посматраше, излезе и ни помогна ...
Не сакаме самите на себе да си помогнеме со помагање на другите ... Нервно ке попуштам ради сообраќајот ако се преселам во Скопје