Две лица загинаа вчера попладне во две тешки сообраќајни несреќи во Гостивар и на автопатот Скопје – Тетово, информира денеска полицијата.
Четириесет и шестгодишна жена од селото Голема Речица загина вчера кога автомобилот во кој се возела удрил во заштитната бетонска ограда на автопатот Скопје – Тетово. Несреќата се случила околу 15,20 часот, возачот А.А. (21) во еден момент изгубил контрола над автомобилот “бмв“ и удрил во оградата. Во несреќата е повреден и возачот и уште двајца сопатници, коисе пренесени во Клиничкиот центар во Тетово.
Во втората сообраќајна несреќа вчера околу 17,50 часот на улицата Гаве Лазарески загина шеесет и деветгодишен гостиварец. Никола В. возејќи “фиат пунто“, според информациите од полицијата, изгубил контрола и удрил во паркирна автомобил “голф“, а потоа во бетонски столб. Поради тешки повреди гостиварецот починал на самото место на несреќата.
http://tocka.com.mk/1/67219/dvajca-zaginati-vo-dve-teski-soobrakajki