Можеби пробувал со жмигавците лево/десно да добие повеќе контрола. Миг е тоа. Можеби немал искуство со вакви „технички благодети“.
Пишав/прашував пред неколку месеци...
Многу беше конфузна ситуацијата, да не беше системот немаше никаква опасност, но ете, ме цимна/ме врати назад при што мавнав ретровизор со ретровизор со паркирана кола...
Не била критична ситуацијата како во видеото, ама ете и ти кажуваш искуство како многумина под видеото на твитер.
Ова со лејн асист но уште повеќе кочењето кога детектира препреки напред (или кога се преминувало повеќе линии), буквално многу ме плашат. Наместо да едуцираат возачите они ги заглупуваат, посебно новите генерации, дека „паметен“ компјутер ќе мисли наместо нив. Наметнуваат прости алгоритми да земаат контрола а сообраќај е сложен склоп од околности, не 2-3 ситуации кои имаат само неколку можни решенија.
Скроз им личи на фашистичка ЕУ ова да го наметнуваат како нешто што не може трајно да се исклучи... Интересно е како ова не се бојкотира повеќе. Знам дека е побарување за сите возила што се продаваат во ЕУ, ама ваљда паметни произведувачи остават (или даваат по неформални канали) нормален фирмвер.
Не е толку проблем отпорот, мал е.
Проблем е изненадувањето дека нешто друго освен ти, како возач, контролира каде ќе оди колата во таа милисекунда. Поготово ако си занесен нешто или ако мислиш дека си го исклучил претходно, а си пропуштил.
Се виде дека почна да иде на десно, па цимна на лево и толку беше времето. Кога аутото почетно го заврти лево и после овој остана збунет таа пола секунда.
Моментот дека после претекнување почна да се враќа на десно ми кажува дека имал внимание на патот (дури и ако правилната одлука била да чека подобра прилика да претекнување). Самоубиство исклучувам. Дека не го видел камионот напред, и тоа го исклучувам. Дека гледал на мобилен исто, ни најголеми идиоти не гледаат во телефон кога влагаат во макази.