Кога го земав Мондео-то, првите неколку дена возев сам и ги тестирав системите, меѓу кој Lane Assist.
Го пробав на автопатот, до патарина и назад, и кога дојде време да пробам да претицам кола, дадов жмигавец и поминав на друга лента без проблем.
Арно ама, за да се вратам во десна лента обично не давам жмигавец, и кога пробав да се престојам осетив како воланот ми пружи отпор и проба да ме задржи на левата лента.
После тоа ги сменив сетинзите на највисоко ниво, и богами треба да се бориме со воланот ако сакам да се престројам во лента без жмигавец.
Ги вратив сетиннзите на low и од тогаш немам вклучено lane assist.
Си реков, ако се ослонам на ова, ке се учукам во некоја кола.
На мислење сум дека ова не е за кај нас. Нашите автопати се полни со кривини, успони.
Инаку при долги патувања, во комбинација со адаптивен темпомат е супер работа. Ама тогаш имаш друг проблем, да останеш буден, ама тоа е друга приказна и проблем за некој идни генерации.