Вчера кај Влада, околу 17:15 еден со Пунто собра дрворед од млади зимзелени на средина на булеварот кај Илинденска.
Претрчав да видам дали е се ок, човеков во години (над 50) мислам дека од што беше пијан уште мислеше дека вози. Ни 2 ни 3, палење колата проба да избега. Јас кога го видов пијан, искрено ич немав емпатија, одма се тргнав. Од портирница кај Влада одма дотрчаа џандари, и сега ќе си тераат постапка.
Среќа што не не собра нас на автобуска.